Home » Во фокусот » Реструктуирање на медиумскиот пазар: Кој кого купува и што значи тоа за другите

Реструктуирање на медиумскиот пазар: Кој кого купува и што значи тоа за другите

11  Weekend Media Festival од 20 до 23 септември

Медиумската сцена драстично се менува во поглед на сите нејзини актери. Што се случува на пазарот и зошто, на Weekend Media Festival ќе откријат клучните луѓе од регионот

Низата на превземања и аквизиции кои започнаа на последниот Weekend Media Festival, значително го менуваат изгледот на медиумската сцена во целиот регион. Паралелно со глобалните промени во медиумскиот пазар, се менува и регионалниот, па имаме прилика да бидеме сведоци на можеби најголемите промени кои би можеле да го преструктуираат целиот овдешен медиумски пазар.

Меѓу спојувањата, соработките и превземањата, особено се истакнува низата на аквизиции на американскиот фонд KKR, сопственик на N1 телевизија, кој во своето портфолио во Хрватска би можел наскоро да ја додаде и Novа TV. Во Босна и Херцеговина и Црна Гора работи на преземање на Pink, во Словенија на Pop TV, додека во Србија, е сопственик на водечкиот кабелски оператор SBB, N1 телевизија, Спорт клуб и Гранд.

Со купување на телевизиите низ целиот регион, KKR длабоко ја менува телевизиската сцена, но силно влијае и на другите медиуми, телекомуникацискиот пазар, независните продукции, кабелските оператори, па можеби дури и на политиката. Иако e веројатно најзначајниот актер на промените, KKR не е и единствениот.

Оваа година имавме можност да следиме значајни медиски аквизации и нови соработки која силно влијаат на пазарот во регионот. До Викед Медиа фестивалот очекуваме уште интересни случувања, кои потоа ќе можеме да ги дискутираме и анализираме“, изјави Никола Врдољак, директор на програмата.

На панелот “Реструктуирањето на медиумскиот пазар“, Викенд Медиа фестивалот ќе ги собере клучните луѓе од регионот за да ни објаснат и да ни го приближат она што се случува на медиумската сцена и што значи тоа за потрошувачите и понатамошниот развој на медиумите.

Најголемиот регионален комуникациски фестивал оваа година ќе се одржи од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ. Партнери на фестивалот оваа година се Франција и Германија, а еден од многубројните гости ќе биде и Кристијан Новак, во моментов најголемата ѕвезда на хрватската книжевност. Сите маркетери своите кампањи можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот ќе бидат наградени со дигиталните награди, SoMo Borac.

Освен по конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа фестивалот е познат и по најдобрите забави. Оваа година очекуваме разновидна музичка програма и дружење до доцна во ноќта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365