Home » Во фокусот » Ролекс прогласена за најугледна компанија во светот четврта година по ред

Ролекс прогласена за најугледна компанија во светот четврта година по ред

Корпоративната одговорност и етиката се истакнуваат и оваа година како два најважни критериуми за стекнување највисока репутација

Rolex, швајцарскиот производител на часовници со седиште во Женева, кој има глобална репутација за извонредност во квалитетот, сигурност и прецизност на своите часовници е четврта година по ред прогласен за најугледна светска компанија. Ова е исклучително признание кон кое тежи секоја компанија, се доделува од 1997 година, а листата од 100 најугледни компании ја составува Институтот за репутација од Бостон, водечка компанија за обезбедување на услуги за мерење на репутацијата.

И оваа година, Rolex остави позади себе познатите компании како LEGO, Walt Disney, Аdidas, Microsoft, Sony, Canon, Michelin, Netflix и Bosch. За да се постигнат овие резултати, Институтот за репутација на Бостон анкетираше повеќе од 230.000 лица во 15 земји ширум светот. Компаниите кои се разгледуваат обично имаат приходи поголеми од 50 милијарди долари годишно, присуство во сите анкетирани земји и познавање на брендот кај најмалку 40% од општата популација.

За стручноста на Ролекс и квалитетот на производите е познато речиси сè. Часовниците Oyster и Cellini, сите сертифицирани како суперлативни хронометри за нивната прецизност, перформанси и сигурност, се симбол на извонредност, елеганција и престиж. Како целосно интегриран и независен производител, Rolex ги дизајнира, развива и произведува in-house сите есенцијални компоненти на своите часовници – од леење на легурите на злато до преработка, производство и склопување.

Репутацијата на Ролекс најдобро може да се изрази низ неговата историја, долга повеќе од еден век во кој компанијата постојано работи на континуирано подобрување, како и инвестиции во иновации на сите нивоа. Токму посветеноста на аспирацијата за извонредност и желбата да се придонесе за општеството, го зацврсти Ролекс на самиот врв на најпрестижни светски компании.

Мерењето на репутација спаѓа во категоријата која е значително понецелосна одколку на пример, приходите или добивката кои ги остварува компанијата и затоа листата која секоја година ја составува Институтот за репутација е анализирана преку неколку значајни параметри и индикатори. Корпоративната одговорност и етиката и оваа година се истакнуваат како два најважни критериуми за стекнување највисока репутација. Репутацијата на Ролекс најдобро се манифестира преку одржлив придонес кон општеството, посветеност на инспирање на идните генерации преку производите, како и филантропските, еколошки и спортски партнерства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365