Home » Во фокусот » Романската кампања која ја понижи Англија

Романската кампања која ја понижи Англија

Пред неколку месеци како одговор на се поголемото доселување на Романци и Бугари на Англиско тло, англичаните спроведоа остра антиемиграциона кампања чиј движечки слоган беше “Овде Вам нема да Ви се допадне“. Очигледно беше дека голем дел од Романските доселеници се најдоа повредени од оваа англиска “гостопримливост“, но наместо со ист груб тон, тие одговорија на екстра креативен начин.

Една од најжешките кампањи кои изминатиов период се дискутираат од маркетинг и ПР професионалците е токму кампањата “Можеби нам не ни се допаѓа Англија – но Вам сигурно ќе Ви се допадне Романија“ која секој ден одеше на романскиот дневен весник “Гандул“ а и во неколку британски весници како закупен оглас.

Кампањата беше проширена и на ФБ и Романците преку апликација беа поканети да се вклучат во создавањето на огласите.

Кампањата ја доби и главната награда на “Ad Stars” еден од најголемите Азиски маркетинг фестивали.

Погледнете дел од креативните принт огласи :

1. “Половина од нашите жени личат како Кејт – а другата половина како нејзината сестра“

Romainin campaign - Marketing365

 2. “ Ние зборуваме подобро англиски – отколку било каде во Франција “

2-Marketing365

 

3. “Овде летото трае 3 месеци – не 3 часа“

3-Маркетинг365 Ромаска Кампања

 

Некои од останатите слогани беа и:

– “Чарлс овде купи куќа во 2005 а Хари никогаш не е фотографиран гол“

– “Нашето пиво на точење е поефтино од вашата флаширана вода“

-“Овдека денот на заљубените го славиме 2 пати – Вашиот и Нашиот“

– “Вашата неделна рента за стан овдека покрива кирија за цел месец. Ги вклучува и излегувањата во пабови“

– “Нашите контролори за лет имаат видено снег и не, не беа импресионирани“

Еве го и case study видеото :

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365