Home » Во фокусот » Салвадор Дали „вратен“ од мртвите со помош на вештачка интелигенција

Салвадор Дали „вратен“ од мртвите со помош на вештачка интелигенција

Соодветно на неговиот стил, господарот на надреализмот Салвадор Дали се „врати“ од мртвите за да ја одбележи 30-годишнината од својата смрт во новата кампања „Дали живее“ (Dali Lives).

Со употребата на вештачка интелигенција, музејот „Дали“ од Флорида и агенцијата Goodby, Silverstein & Partners (GSP) создадоа инсталација преку која самиот легендарен сликар ги „води“ посетителите низ музејот.

Почнувајќи од април оваа година, виртуелниот Дали ќе ги пречекува посетителите на екран во природна големина, а потоа ќе ги следи низ музејот, раскажувајќи им приказни за неговата уметност и споделувајќи размислувања за современите случувања.

Според Џеф Гудбај, еден од основачите на агенција GSP, тие ја искористиле т.н. deepfake технологија за да го „воскреснат“ Дали. Тоа значи дека извлекле милиони фацијални изрази од интервјуа на познатиот сликар и ги поставиле врз лицето на жив актер – своевидна дигитална маска која на актерот му овозможува да изгледа како Дали без разлика на тоа каков израз на лицето ќе направи. Со цел нарацијата да соодветствува на каталонскиот акцент на Дали, бил направен и кастинг на актер од Барселона.

„Дали беше визионер на многу начини и ја разбираше својата историска важност. Тој напишал „Ако некогаш умрам, иако малку веројатно, се надевам дека луѓето во кафулината ќе велат: Дали умре, но не целосно,“ посочи д-р Хен Хајн, извршен директор на музејот во врска со новата кампања.

Ова не е прва кампања во која музејот и агенцијата GSP ја ползуваат современата технологија со цел го промовираат ликот и делото на Дали. Претходно, во кампањата „Dreams of Dali“, фановите преку виртуелна реалност можеа да „влезат“ во сликите на Дали, а преку кампањата “Gala Contemplating You” да ги претворат своите селфиња во верзија на познатата слика “Gala Contemplating the Mediterranean Sea Which at Twenty Meters Becomes the Portrait of Abraham Lincoln (Homage to Rothko).”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365