Home » Extra 5 » Самсунг го претстави новиот Галакси А8(2018) со двојна предна камера, голем “бесконечен“ дисплеј и дополнителни секојдневни функции

Самсунг го претстави новиот Галакси А8(2018) со двојна предна камера, голем “бесконечен“ дисплеј и дополнителни секојдневни функции

Практична, стилска и удобна серија паметни телефони со сериозен став

Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес најави нов модел како надополнување на Галакси А (Galaxy A) серијата на паметни телефони – паметниот уред Галакси А8(2018) (Galaxy A8(2018)).

Новиот смартфон Галакси А8(2018) пристигнува со Двојна Предна Камера (Dual Front Camera), голем “Бесконечен“ (Infinity) Дисплеј и неверојатен ергономски дизајн кој се базира на дизајнот на досегашните водечки паметни телефони на Самсунг и нивното искуство. Со дополнителни секојдневни карактеристики, Галакси А серијата е постилска, попрактична и поудобна за употреба, повеќе од порано.

Со новиот Галакси А8(2018), ги носиме омилените карактеристики на нашите потрошувачи од нашите водечки паметни телефони, како “Бесконечниот“ Дисплеј и нашата прва Двојна Камера со фокус во живо (Live Focus), во нашата Галакси А серија која е веќе препознатлива по својот премиум дизајн. Галакси А8(2018) е приказ на нашата континуирана посветеност на задоволување на потребите на нашите потрошувачи, обезбедувајќи им поголем избор и поволности.“ – изјави Јунхо Парк (Junho Park), Потпретседател на Сектор за Глобално Планирање на Продукти, Мобилни Комуникации, Самсунг Електроникс.

Корисниците ќе можат да креираат јасни, чисти “селфи“ фотографии со задната камера од 16MP со фокус од F1.7 и 16MP+8MP со фокус од F1.9 Двојна Предна Камера, без разлика каде се наоѓаат или во каква активост се вклучени. Двојната Предна Камера е направена од две одделни камери, а корисниците ќе може да одберат која ќе ја користат во зависност од видот на “селфи“ фотографијата што сакаат да ја направат – од фотографија одблиску, со позадина, сѐ до портрет фотографија со јасна и чиста позадина. Дополнително со напредната функција “Live Focus“, ефектот “bokeh“ едноставно може да се прилагоди, пред или откако ќе се фотографира, се со цел креирање фотографии со висок квалитет.

Без разлика дали преку ден или навечер, напредната камера ќе се погрижи фотографиите да имаат одлична острина, дури и во усови на слаба осветленост. Новиот уред исто така овозможува адаптирање на фотографиите преку забавни опции, од додавање на “налепници“ на “селфи“ фотографија, до нагласување на кулинарската екстраваганција со режимот за храна (Food Mode).

Несигурните видео снимки ќе станат дел од минатото со технологијата за стабилизација на видео и дигитални слики (video digital image stabilisation technologyVDis), а со hyperlapse функцијата корисниците може да креираат видео клипови, што ќе овозможи снимање, разкажување и споделување на уште подолги приказни.

При гледање филмови или играње игри, најновиот Галакси А уред поставува нови стандарди за непрекинато, извонредно искуство при гледањето. “Бесконечниот“ Дисплеј ја надминува рамката со извонреден сооднос на дисплејот од 18.5:9, овозможувајќи им на корисниците да ја гледаат сцената низ целиот екран за максимално синематско доживување. Големиот екран е поддржан со ергономско заоблено стакло на предната и на задната страна. Стаклените и метални елегантни рамки на уредот, заоблените делови и удобноста за држење го прават овој уред уште поедноставен за следење на содржини или интеракција со него. Галакси А8(2018) е достапен во 3 бои, вклучувајќи црна, орхидеја сива и златна, сѐ за да одговара на личниот стил на корисниците.

Со овој уред, преку функцијата “Always On Display“, корисниците континуирано ќе бидат информирани – а пристапот до информациите никогаш не бил поедноставен: со само еден поглед кон телефонот, без притоа да го отклучуваат.

Со опцијата Samsung Pay, корисниците веќе нема да имаат потреба да го носат својот паричник со себе секогаш кога ќе излезат од домот. Поддржувајќи “Magnetic Secure Transmission“ (MST) и “Near Field Communication“ (NFC), Галакси А8(2018) може да се користи виртуелно насекаде каде што може да ја допрете или повлечете вашата картичка. Секоја трансакција преку Samsung Pay опцијата е безбедна, а сепак многу едноставна. Сѐ што е потребно е едно повлекување и едно скенирање на отпечаток.

Овозможувајќи IP68 отпорност на вода и прашина, Галакси А8(2018) уредот е издржлив на различни услови, како дожд, песок, прашина, па дури и пот, што го прави погоден за користење во речиси секоја ситуација, при различни активности. Исто така, Галакси А8(2018) поддржува микроСД (microSD) картички, што овозможува проширување на капацитетот за складирање до 256GB. Овој паметен уред е првиот од серијата А кој има поддршка за Samsung Gear VR.

Галакси А8(2018) ќе биде достапен од 19. Јануари, 2018.

За повеќе информации, посетете ја страната: www.samsungmobilepress.com

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365