Home » Во фокусот » Самсунг објаснува што е вистинска “криза“ во својата нова распеана реклама

Самсунг објаснува што е вистинска “криза“ во својата нова распеана реклама

Самсунг Израел им порачува на корисниците зборот “криза” да го остават за вистинските кризи

Самсунг лансираше вистински мал мјузикал во Израел, насловен „No Crisis“, во кој ги потсетува корисниците на вистинското значење на зборот криза и ги едуцира за правилна употреба и смисла на овај збор.

Со цел да ја промовира сигурноста и долговечноста на батериите на новиот Galaxy Note9 уред, Самсунг Израел направи музичка реклама, која ќе ја испита вистинската природа на кризата, истовремено исмејувајќи ја сеприсутната зависност на мобилни уреди денес.

Спотот кој за нив го изработи агенцијата Leo Burnett  Израел, започнува со испаничен човек во канцеларија, кај кој настапила криза веднаш штом го видел предупредување за празна батеријата на неговиот мобилен телефон. Одеднаш во спотот се појавува пијанист кој хумористично ја исмејува природата на оваа “криза”  и го започнува својот едукативен мјузикал.

Гледачот одеднаш оди на фантастично патување низ вистински катастрофи, како што е пропуштен лет (на сопствената свадба), да се биде заробен во сауна или пад на акциите на берзата. А сето тоа да се испрати порака дека зборот криза треба да се користи само за вистински кризи.

Се разбира, ова видео ги промовира придобивките од новиот уред, особено батеријата која трае цел ден, специјалното bluetooth пенкало и “супер моќните перформанси.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365