Брендот за сирење Sargento се гордее со долгото време кое е потребно за производство на нивните премиум сецкани сирења од серијата „Reserve“. Со цел да го нагласи тоа, го лансираше „најспориот сервис за достава на пица во светот“, на кому му се потребни и до 18 месеци за да достави свежа пица до домот на потрошувачите.
Оние кои сакаат да пробаат од супер-спорите пици треба да направат нарачка на веб-сајтот slowestpizzadelivery.com и да изберат една од четирите понудени пици, за кои се потребни 4, 6, 14, односно 18 месеци за да бидат доставени – онолку време колку што е потребно различните видови на сирења да „созреат“.
Кампањата е дело на агенцијата Ogilvy Chicago, а се реализира во партнерство со пицеријата Big G’s Pizza од Чикаго, САД. Оние кои ќе нарачаат некоја од специјалните пици може и да го следат процесот на „приготвување“, односно на „созревање“ на сирењето преку камера во живо достапна на претходно споменатиот веб-сајт. За жал, пиците може да ги нарачуваат само луѓе кои живеат во досег на сервисот за достава на Big G’s Pizza.