Home » Во фокусот » SDG и McCann Стокхолм лансираа производи за нега на кожа “потпишани” од Златан Ибрахимовиќ

SDG и McCann Стокхолм лансираа производи за нега на кожа “потпишани” од Златан Ибрахимовиќ

Славниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ, со цел да им помогне на мажите кои се грижат за нивниот изглед, лансираше колекција на производи за нега на кожата, односно цела нова серија на производи – ZLATAN SPORT. Концептот и дизајнот се развиени од страна на агенцијата Scandinavian Design Group заедно со Amazing Brands, која стои зад парфемот на Златан и колекцијата за нега на кожа, а кампањата со пораката “Вистинска рутина” (“The Right Routine”), ја потпишува McCann Стокхолм.

Колекцијата Zlatan Sport уште подобро не` запознава со Златан и се базира на неговите лични ритуали за нега на кожата. Колекцијата е наменета дури и за оние мажи кои обично не користат редовни средства за нега на кожата. Ова се рефлектира и во дизајнот и комуникацијата, како и во достапните малопродажни цени.

“Ние намерно работевме на создавање подиректен и лесно достапен дизајн кој ќе им се допадне на многумина и кој, кога ќе се појави на полиците, ќе остави силен впечаток врз целната група, таков што ќе ги поскате производите на своите полици во бањата”, вели Хенрик Валсе (Henrik Walse), директор за дизајн во агенцијата Scandinavian Design Group.

Со Zlatan Sport, Златан сака што повеќе луѓе да ја пронајдат своја сопствена рутина, што води до врвни перформанси – без разлика дали се врвни спортисти или не. Прецизноста на Златан во секој детал го прави успешен одново и одново. “Брендот го носи моето име и се разбира дека и јас ги користам производите, тие се инспирирани од моите потреби и засновани на мојата лична рутина. Затоа и “си ја вршат работата“. Горд сум на тоа”, вели Златан Ибрахимовиќ.

Zlatan Sport е развиен преку единствена соработка помеѓу Amazing Brands, Scandinavian Design Group и McCann Стокхолм, кои работеле како еден тим.

“За нас, колекцијата за нега на кожата за мажи беше природен следен чекор на брендот на парфеми Златан Ибрахимовиќ. Побаравме од Златан да ја слика содржината на својот несесер за одреден временски период, со цел да подобро да разбереме кои видови на производи ги користи секојдневно и она што е важно за него во однос на карактеристиките на производите. После некое време е создаден Zlatan Sport, совршена колекција за сите оние кои сакаат да се грижат за себе и секојдневно да се чувствуваат како најдобрата верзија од себе “, вели Мари Белс Карлзон (Marie Bells Carlzon), раководител на пазарот во Amazing Brands.

Amazing Brands, заедно со Златан, имаа јасна идеја за ZLATAN SPORT врз основа на која Scandinavian Design Group разви стратегија, концепт и дизајн. Тимот оттогаш продолжи да ја развива кампањата за сите платформи на комуникација, која на Zlatan Sport ќе му овозможи силен впечаток на пазарот, на полиците на продавниците, во веб продавниците – и се разбира во несесерите на секој маж.

Zlatan Sport е доказ дека денес функционира паметна соработка, каде што имаме експертиза и креативност, како од агенцијата Scandinavian Design Group, така и од McCann, поддржувајќи го Amazing Brands во сè, од позиционирање, развој на идентитетот, па се до активирање и оптимизација на социјалните медиуми”, вели Џоана Смедс (Johanna Smeds), клиент директор во Scandinavian Design Group.

Производите ќе бидат во сите продавници од 6 јуни, а тизерите се веќе не каналите на Златан:


Музиката ја креираше шведскиот продуцент номиниран за Греми, Jei Gonzalez, од Baggpipe Studios.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365