Home » Во фокусот » Во Белград се оддржа ноќта посветена на рекламите и рекламџиите

Во Белград се оддржа ноќта посветена на рекламите и рекламџиите

Саботата навечер, во преполниот Сава центар во Белград, се оддржа 14-тата по ред “Noc Reklamozdera“, ноќта на која се доделија повеќе награди и призананија за најдобрите реклами, брендови и кампањи во изминатата година во Србија а се оддаде признание и за сите луѓе кои на овој или оној начин придонеле за развојот на огласувачката индустрија.

Наградата БРЕНД СРБИЈА, за најдобра промоција на Србија во светот која традиционално ја доделува покровителот на манифестацијата (mt:s) годинава ја освоија Ivani Španović иEmiru Bekrić кои на Светското Атлетско првенство во Москва освоија бронзени медали и со тоа ја промовираа Србија како земја на атлетиката.

Една од најпрестижните награди, Grand Slam за придонес во развојот на маркетинг комуникациите во регионот, му припадна на нашиот колега Екрем Дупановиќ, сопственик и уредник на порталот Медиа Маркетинг од Босна и Херцеговина.

Ekrem Dupanovic -

Екрем Дупановиќ со Соња Мариќ од Уника осигурување која му ја врачи наградата

Како најдобра општествено корисна кампања, беше прогласена кампањата „Kada voziš parkiraj telefon” , која заеднички ја организираа Министерството за внатрешни работи на Србија и Телеком Србија.

Познатиот глумец, Сергеј Трифунович доби признание “Амбасадор Reklamozdera“ како поединец кој со своите кампањи и залагање придонел за целата заедница.

Финалето на ноќта беше прогласувањето на “Реклама на Годината“ која собра најмногу гласови од публиката која подолг период имаше можност да гласа на сајтот на организаторот. За 2013 година, публиката во Србија за најдобра реклама ја прогласи рекламата “Чипси-Домаќински“ (ЛИНК до рекламата ) и на сцената се појави тимот кој стои позади неа а го сочинуваат главниот глумец Сергеј Трифуновиќ, директорката за маркетинг на Марбо продуктите, Дунја Ивановиќ од Pepsico и Марко Пешиќ, акаунт директорот на агенцијата Ovation BBDO.

Чипси Домаќински

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365