Home » Во фокусот » Се оддржа работилница за брендирање на општините во РМ и важноста на лицата за ПР во тој процес

Се оддржа работилница за брендирање на општините во РМ и важноста на лицата за ПР во тој процес

Брендирање на општините во Република Македонија и улогата на ПР лицата во овој процес беше темата на работилницата што ЗЕЛС тренинг центарот ја организира за лицата за односи со јавноста од општините низ Македонија, членови на “Мрежата на ПР лица“, формирана во ЗЕЛС.

На оваа работилница, што се одржа во средата, присуствуваа повеќе од 30 претставници од општините кои се запознаа со процесот на брендирање на општината, поточно со процесот на подготвувањето на „бренд стратегија”, како и алатките за создавање и одржување на брендот. Лицата за односи со јавност (ПР) во локалните власти во Република Македонија, во отсуство на маркетинг ориентирани лица во општинската администрација, имаат огромна улога, не само во претставувањето на својата општина, туку и во утврдувањето на потребите на целните групи на локалната власт и откривањето на можностите и потенцијалите на општината при нејзиното позиционирање во натамошниот стратегиски развој, како и во самиот процесот на брендирањето.

Обука во зелс

Работилницата ја реализираше д-р Игор Андреев, кој неодамна ја бранеше докторската теза „Маркетинг истражување во функција на примената на маркетиншката ориентација во процесот на стратегиски менаџмент на населени места”, на Економскиот факултет, при Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје. Тој на присутните им презентираше интересни информации од литературата од значајни автори кои ги „консултирал” при своето истражување на оваа тема, при што посочи и практични примери на брендирање на некои европски градови и локални власти (особено во Холандија), а се задржа и на состојбите на општините во Република Македонија во правец на превземени активности за нивно брендирање, што, исто така е дел од докторскиот труд.

Се повеќе во светот и во Европа се забележуваат успешни примери на „брендирање на населените места” пример:( „I ♥ NY“I Amsterdam и др.) Зголемената мобилност на луѓето, производите и капиталот, зголемените очекувања за подобар квалитет на животот од граѓаните, потрагата по „подобро” работно место, поинтересна туристичка или бизнис дестинација, како во сопствената земја, така и надвор од неа, ја заоструваат конкурентска „битка” помеѓу населените места, која добива сè поголем интензитет во последните неколку децении. Трендовите на децентрализација на власта од државно на регионално или локално ниво, уште повеќе ја зголемува одговорноста на општините за навремено зачекорување во овој глобален натпревар.

Во Европа има повеќе од 102.000 општини, 1.000 региони и милиони населени места кои секојдневно конкурираат помеѓу себе за задржување и привлекување на најограничениот ресурс во 21. век, креативната и талентирана работна сила, потоа конкуренцијата за привлекување на бизнис инвестиции и конкуренција за привлекување на туристи. Градовите сè повеќе стануваат главни двигатели на економскиот и културниот развој на државите, поради што се поголем број населени места интензивно започнуваат да ги применуваат успешните маркетинг практики од приватниот сектор, преку примена на маркентиншките алатки кои секогаш се насочени првенствено кон клиентот. Германските искуства покажуваат дека однесувањето на градската администрација е ориентирано кон јасно дефинирање на целните групи на клиенти на градот (бизниси, туристи и жители) и континуирана употреба на маркетинг истражувања во функција на откривање на нивните проблеми, потреби, задоволство.

На работилницата беше посветено внимание на примената на една од најмоќните алатки за глобална комуницикација, а тоа се веб страните. Преку нив, општините може да се промовираат не само пред своите граѓани, туку пред целиот свет, пред потенцијалните инвеститори, туристи или идни свои жители. Беа презентирани позитивни примери на промоција на европски градови, преку своите веб страни, а се дискутираше и за неколку веб портали на македонски општини. Присутните развија интересни дискусии на оваа тема и изразија задоволство од стекнатите сознанија кои ќе им помогнат во нивните натамошни активности во општината.

Мрежа на ПР лица од општините, формирана во ЗЕЛС, поттикнува взаемна размена на информации меѓу самите локални власти, како и размена на информации меѓу локалните власти и ЗЕЛС, презентирање на добри практики и актуелни трендови во развивањето на односите со јавноста во локалната власт.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365