Home » Во фокусот » Се оддржа втората Google и Goclick конференција за современ маркетинг

Се оддржа втората Google и Goclick конференција за современ маркетинг

Денеска во Скопје, во Конгресниот центар на Скопски Саем, се оддржа втората Google и Goclick конференција за современ маркетинг на која свои предавања оддржаа г-дин Дарко Дујиќ, директор за развој во Google Adriatic, г-дин  Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick од Словенија  и г-дин Давид Гојо, стратег за Google Adwords во Google од Даблин, Р. Ирска.

Иво Ивановски

Конференцијата свечено беше отворена од Министерот за Информатичко општество и администрација на РМ, Г-дин Иво Ивановски кој во пригодното обраќање истакна дека :“Современиот маркетинг, а пред сè интернет маркетингот, претставуваат моќно средство во денешниот свет без кои не може да се замисли општественото општење, водењето на бизнисот и севкупниот развој на една земја. Глобалната компјутерска мрежа, како и развојот на широкопојасниот интернет го поттикнуваат понатамошното ширење на глобалниот пазар, создавајќи една нова економија. Нема да биде погрешно доколку кажеме и дека интернетот денес претставува основа за креирање на еден економски поредок во светот, кој настана како резултат на примената на компјутерските, телекомуникациските и мултимедијалните технологии

Дарко Дујиќ - Директор за развој во Google Adriatic

Дарко Дујиќ – Директор за развој во Google Adriatic

На конференцијата присуствуваа претставници на повеќе од 100 домашни компании кои имаа можност да слушнат одлични предавања на актуелни теми како „Можностите и трендовите во сферата на интернет маркетингот – Google како маркетинг гигант“, „Adwords решенија и успешни приказни“, и „Социјалните мрежи и нивните алатки во светот на бизнисот“.

 Настанот бше поделен во два дела

1.      Конференција

– со цел менаџментот на  компаниите да се запознае со потенцијалот и можностите кои интернетот ги нуди за похрабро и поефективно пристапување на домашните и странски пазари

2.      Работилница (workshop)

– со цел оперативното ниво во компаниите да се запознае со можностите кои интернетот ги нуди во сферата на маркетингот, со поголем акцент на Google и Facebook

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365