Home » Во фокусот » Се промовираше македонскиот Mashable

Се промовираше македонскиот Mashable

Social Net promocija

Пред десетина дена во книжарницата Магор во Скопје се оддржа промоцијата на македонскиот портал SocialNet специјализиран за вести од сферата на социјални медиуми и ИТ.

На презентацијата присуствуваа многу пријатели и соработници на порталот а покрај официјалната презентација на порталот имаше и две предавања од Ива Дујак и Борис Ефтимовски, на теми поврзани со социјалните медиуми и интернет пазарот во Македонија.

Борис Ефтимовски (блогер, маркетинг и ПР консултант, директор за маркетинг во SunWireless ) зборуваше за “Комерцијалниот развој на online-медиумите со тесно таргетирана публика“ и на присутните им претстави неколку важни предизвици и премиси неопходни за создавање на платформа каде медиумите кои таргетираат тесно-дефинирана целна група ќе може комерцијално да се развиваат притоа презентирајќи информации и статистики за развојот на новите трендови во сферата на онлајн маркетингот и медиа планирањето во Македонија и светот.

Boris Eftimovski Social Net promocija

Ива Дујак (блогер, раководител на секторот за дигитални операции во Brand Union и маркетинг менаџер на независниот театар Theatra)  на присустните им претстави неколку интересни socialmedia кампањи и даде неколку препораки како  да се направи една успешна socialmedia кампања со малку пари.

Iva Dujak promocija socialnetОна во што сите говорници се сложија е дека на македонската интернет сцена се потребни портали кои ќе бидат специјализирани за пооделни аспекти од развојот на маркетингот, кои ќе ја промовираат индустријата и ќе овозможуваат афирмирање на дебатата за трендовите и практиките кои се практицираат на домашната и светската маркетинг сцена. А на крај тие медиуми можат единствено да опстанат доколку добијат поддршка од самата индустрија.

Во таа насока раѓањето на SocialNet е нешто што треба да биде поздравено од сите учесници во маркетинг-медиумскиот простор и да биде поддржано токму од самата фела.

Маркетинг365 им ја честита промоцијата, им посакува многу добри статии, верна публика и редовни банери :)

 

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365