Home » Digital » Се` што треба да знаете за емотиконите

Се` што треба да знаете за емотиконите

Вчера беше Светскиот ден на емотиконите. Овај неофицијалн празник во чест на глобалниот феномен благодарение на кој полесно ги изразуваме своите чувства во ладната средина на интернет, го осмисли основачот на Емоџипедија, Џереми Бурџ во 2014 година. Еве некои интересни информации кои се однесуваат на емотиконите.

Емотиконите се долго со нас

Верувале или не, емотиконите се со нас од 1998 година во сликовно издание (се користеа во Yahooo Messenger), додека текстуалните смешковци датираат од 17 век, а на интернет за прв пат ги споменува Скот Фалхман од Универзитетот Карнеги Мелон на 19 септември 1982 година. Сликовните емотикони станаа масовно популарни откако “Епл” го објави шестото издание на својот оперативен систем за iOS во 2012 година.

Постојат и во музеј

Музејот на модерна уметност во Њујорк во 2016 година, додаде во својата постојана поставка 176 оригинални емотикони, смислени во 1999 година.

Тие беа официјално признати

Во Оксфордскиот речник на англиски јазик, зборот емотикони официјално е заведен во август 2013 година, што беше своевидно признавање на новостекнатата популарност и широка употреба.

Листата на емотикони постојано расте

Секоја година се појавуваат нови емотикони. Нив ги одобрува конзорциумот на Уникод, а оваа година вклучија нови 157, со што бројот на официјални емотикони се зголеми на 2.823. Меѓу нив беа и емотикони во кои беа вклучени црвенокоси луѓе, суперхерои, кланови …

Кој емотикон е најпопуларен?

Во текот на минатата година на Твитер најчесто користен емотикон беше тој со насмеано лице со солзи од радост. Истиот емотикон е на врвот на листата на најпопуларни оваа година на Facebook и Messenger. Фејсбук, исто така, објави дека од 2.823 постоечки емоции, секој ден се користат речиси 2.300.

Се користат за необични цели

Во април 2015 година, тениската ѕвезда Енди Мареј се венча со долгогодишната девојка Ким Сирс. На денот на венчавката, твиташе за своите очекувања користејќи само емотикони. Во американската синџир на пицерии Доминос, можете да направите нарачка со емотикони. Во некои делови од светот возачите на Убер не се оценуваат со ѕвезди – туку со емотикони. Имаат своја енциклопедија, постојат неколку книги напишани исклучиво за емотиконите, ги користат во видео игри, снимен е филм посветен на нив, а се прави и мјузикл. Министерството за надворешни работи на Финска има свој сет на емотикони кои го изразуваат националниот идентитет на таа држава.

Доаѓа нова генерација

Минатата година Apple воведе анимотикони, односно анимирани емотикони. Брзо ги преземаа и во Samsung, па се очекува дека новиот вид на емотикони ќе се прошири и ќе стане дел од нашиот секојдневен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365