Home » Во фокусот » Се што треба да знаете за Snapchat маркетингот

Се што треба да знаете за Snapchat маркетингот

snapchat logo

Snapchat може да се пофали со околу 100 милиони дневни активни корисници кои споделуваат околу 700 милиони фотографии и видеа секојдневно и 500 милиони прегледи дневно. Тука станува збор за бројни прегледи, а статистиката сама по себе укажува на потребата Snapchat да го користите како клучна алатка во вашата низа на маркетинг алатки. Овој натпис подлабоко го анализира светот на Snapchat маркетингот со една единствена цел – да Ви помогне да разберете кога и како да го користите Snapchat за бизниси или за клиент.

Зошто Snapchat?

Како дополнување на статистичките податоци за вклученоста кои веќе ги нагласивме во самиот вовед,  Snapchat нуди и дополнителни бенефити кои оваа платформа ја прават атрактивна за маркетинг експертите. Ова е канал кој е помалку компетитивен за разлика од другите социјални медиуми, нуди нова публика за Вашиот бренд, нуди уникатно искуство и оддава природно чувство на автентичност за разлика од другите социјални медиуми.
Да земеме и пример, брендовите и славните личности на оваа платформа се обраќаат со слики од нивните последни продукти или филмови од ‘’зад сцената’’, особено оние славни личности кои се обраќаат и се обидуваат да допрат до помладата публика.

Која целна публика е на Snapchat?

Многу е важно да се разбере како присуството на платформа како Snapchat може да ви помогне да допрете до вашата целна публика. Корисниците на Snapchat  примарно се на возраст под 25 години, а само users are primarily 12% од публиката од 35-54 годишна возраст во моментот го користи овој медиум. Жените ја користат оваа апликација повеќе од мажите ,  со застапеност од 70%, во споредба со мажите чија застапеност е околу 30%.

Доколку вашата целна публика спаѓа во рангот на ‘’centennial’’ (наречена уште и генерација Z, возрасна група која ги опфаќа родените во новиот милениум)  или ‘’millennial’’ (наречена уште и генерација Y, возрасна група која ги опфаќа родените во 80- тите и 90- тите), и вашиот таргет се жени, тогаш  потребно е да бидете присутни на Snapchat.

Ова не треба да значи дека доколку вашата таргет публика се мажите на возраст од 35 дека Snapchat не е за Вас, последните истражувања покажаа дека трендот за нови корисници на Snapchat се менува на корисници на возраст поголема од 25 години. Единствената возрасна група која во моментот не е апликабилна за Snapchat е демографската група од 55+.

Како да започнам со својот бизнис на Snapchat?

Snapchat за бизнисите е бесплатен , тие можат да отворат свој налог и да започнат со креирање на содржина. На оваа платформа можете да отворите профил, да започнете со следење на луѓе и да започнете со споделување на објави (snaps) и приказни релативно лесно. Како и за секоја останата платформа, Snapchat  има потреба од користење на стратегија со цел согледување на резултати од неговото користење.
Повеќе за стратегиите наменети за овој социјален медиум ќе зборуваме подолу во текстот.


Каков тип на содржина може да се споделува на
Snapchat?

Постојат голем број на различни видови на објави  и поставки  кои можете да ги аплицирате врз Вашата Snapchat содржина, кои во целина имаат импакт врз успехот на кампањата.
Типовите на содржина вклучуваат::

  1. Фотографии- можете да фотографирате слика и да ја споделите веднаш на оваа платформа или пак да прикачите слика од фото-галеријата на вашиот мобилен уред. Дизајнот за фотографиите  во ‘’portrait mode’’, e најдобар начин за преглед на сликите на платформата.
  2. Видео- можете да споделувате видеа долги 10 секунди или пократки , а видеата можат да бидат уредени на сличен начин како и сликите на оваа платформа.
  3. ‘’Snapchat Stories’’- приказните наSnapchat можат да бидат фотографии или видео формати кои можете да ги споделите со сите свои следбеници со цел ‘’раскажување’’ на некаква приказна.
    Оваа приказна може да биде приказна за Вашиот ден, приказна за Вашиот бренд, приказна за настан на кој сте присуствувале итн. Snapchat приказните можат да бидат групи на слики (snaps) кои подредени како секвенца ја креираат вашата приказна. Сите ваши следбеници можат да ја видат приказната до  24 часа откако сте ја објавиле. Овие приказни исто можат да бидат и мешавина на фотографии и видеа.


Алатки достапни на
Snapchat

Постојат многу алатки кои можете да ги користите на Snapchat за да ги уредувате и трансформирате вашите фотографии и видеа.

  1. Алатки за уредување
  • ‘’Draw’’- Можете да го користите својот прст за да цртате врз својата фотографија со можност за избор помеѓу голем број на бои, и врз било кој дел од видеото или фотографијата на екранот.
  • ‘’Captions’’- Можете да додавате наслови над секоја слика или видео и да изберете соодветна големина и местоположба на текстот.
  • ‘’Emoji’’- На секоја фотографија можете да додадете ‘’емоџи’’.
  • ‘’Stickers’’-Од сега можете да додадете големи анимирани слики наречени стикери на секоја слика.
  1. Време на прегледи

Можете да одредите колку долго сакате вашата публика да има можност да ги прегледува вашите слики, во период од една секунда па нагоре. Постојат и претпоставки кои можете да ги направите за времето за прегледи и како тоа има свој импакт врз вклученоста на следбениците.  Подолгиот период за прегледи на објавите некои сметаат дека ќе ја зголеми гледаноста, меѓутоа тоа целокупно зависи од самата порака и природата на пораката која сакате да ја пренесете со објавата.

  1. Јавен профил

Погрижете се вашиот профил да биде јавен за следбеници и за преглед на вашите објави.

  1. Приватни пораки

Како дел од Snapchat 2.0, Snapchat обезбеди надградба која обезбедува корисниците на  Snapchat да испраќаат приватни пораки едни на други.
Ова може да биде искористено креативно од страна на брендовите и потрошувачите- како прилагодување на пораката до потрошувачите по демографија и потреби.

  1. Видео и аудио повици

Snapchat исто така нуди можност за аудио и видео повици, како и праќање на фотографии за време на чет со некого за време на користење на оваа опција.


Креирање на стратегија за
Snapchat маркетинг

Сега откако ги разгледавме сите можности и алатки кои ги нуди Snapchat, ќе истражиме како се гради стратегија која функционира за оваа уникатна платформа. Од она што го прочитавте погоре во текстот, веруваме дека добивте претстава дека Snapchat е многу едноставна платформа. Вашиот бизнис може да споделува фотографии и видео содржини со своите следбеници и следбениците може да коментираат, тоа е реално и тоа што го нуди.

Со цел поставување на целите и KPI индексите за Snapchat кампањата за вашиот бизнис, постои само еден начин на кој можете да го измерите успехот- преку вклученоста на следбениците. Потребно е да ги разгледате прегледите и одговорите на вашите објави и да добиете слика од конверзациите- дали на следбениците им се допаѓаат вашите објави, дали реагираат позитивно итн.

Ова се метриките со кои можете да добиете мерливи резултати:

  • Колку пати вашите објави се прегледани
  • Колку пати корисниците одговориле на некоја
  • Колку корисници активно контактираат со вас на чет ја прегледале вашата објава
  • Мерењето на вашиот успех на Snapchat е рачно, затоа бидете подготвени мерењето на успехот на Snapchat да биде покомплицирано од она на Facebook и Twitter, чии статистики нудат пософистицирана аналитика.

Разбирањето на начините на кои може да се измери успехот на кампањата помага при разбирањето на типот на содржина кој треба да се креира со цел поттикнување на вклученоста на следбениците  со цел прикажување на позитивен ROI на  вложениот труд во Snapchat кампањата.

Ова се едни од најдобрите практики кои треба да ги имате во предвид:

1.Инфлуенсери – како и на сите социјални платформи, инфлуенсерите се активни и на Snapchat, и доколку се користат креативно, тие можат да донесат нови следбеници на Snapchat профилот . Клучот на оваа стратегија е пронаоѓање на корисници на Snapchat од областа на интерес кои сакаат да ги промовираат производите на брендот.Да ја земеме компанијата Sphero за пример. Тие се здружија во партнерски однос со инфлуенсерот Shaun McBride за да ја промовираат својата најнова Star Wars играчка и резултатот од оваа синергија продуцираше 10 милиони прегледи на Snapchat и распродажба на играчката од продавниците само за неколку часа.

2.Состојба на еуфорично очекување– ова е одлична стратегија доколку вашиот бизнис има одредени настани или пак е од таа сфера. Можете да креирате Snapchat приказни кои ќе откриваат сцени или слики од припремата за настанот, можете да споделувате објави со VIP информации. Идеата зад оваа стратегија се состои во тоа што информацијата не може да се добие од ниту едно друго место освен од вас ексклузивно. iHeartRadio на пример, го најми Ryan Seacrest за да најави фестивал во Las Vegas на нивниот Snapchat, и тоа резултираше со 340 милиони  Snapchat импресии во само 2 дена. Комбинирањето на славна личност со ексклузивна информација помага насочување на лајкови, коментари и прегледи на Snapchat профилот.

3.Специјални понуди – слично на откривањето на ексклузивни новости до вашите следбеници за настани, може да понудите ексклузивни специјални понуди до вашите следбеници кои се само на Snapchat. Ова е одлично поради 2 причини. Специјалните понуди се од големо значење за мотивирање на следбениците за вклучување во кампањата, понудата е лесно следлива преку код и купон кој единствено се користи на Snapchat. Grubhub креираше кампања со купони на Snapchat користејќи го кодот “Slice” за 15% попуст на нарачка. Grubhub со оваа можност можеше да следи колку луѓе го користеле кодот во купонот и да го измерат успехот на кампањата врз основа на оваа метрика.

Snapchat не е идеален за секој тип на бизнис, и сеуште е многу мануелен  кога станува збор за начинот на менаџирање на платформата, но затоа пак може да биде од корист за бизнисите чиј таргет е популација помлада од 25 години.  Погорните стратегии имаат за цел да помогнат при постигнување на органски раст на Snapchat, иако постојат и можности за адвертајзинг набројани подолу, исто така:

1.Snap adsовие реклами се прикажуваат помеѓу ‘’Snapchat stories’’ на профилите на корисниците на оваа мрежа и имаат 10 минутно траење во форма на видео реклама. Во моментот цените за ваквите платени реклами се високи и достапни за поголеми корпоративни компании.

2. Таргетирани гео филтери- ‘’Geo filters’’се мали уметнички дела кои корисниците на  Snapchat ги користат над своите фотографии во Snapchat кога се наоѓаат на одредена локација. На пример еден ресторан може да има геофилтер и само корисниците кои се наоѓаат на точната геолокација може да го аплицираат гео-филтерот на нивната слика. Ова е одличен начин кој обезбедува поттикнување  и зголемување на свесноста за постоењето на одредено место или настан а воедно зголемување на вклученоста на корисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365