Home » Во фокусот » Се стопираат владините реклами во домашните комерцијални медиуми

Се стопираат владините реклами во домашните комерцијални медиуми

Владина кампања „Здрава храна, долг живот“

Владата на Република Македонија вчера ја усвои мерката од Планот 3-6-9 која се однесува на стопирање на  владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет портали (со исклучок на социјалните медиуми) и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис.

Согласно оваа мерка Владата на РМ донесе заклучок според кој се задолжуваат сите органи на државната управа, им се укажува на институциите кои немаат статус на органи на државната управа и им се препорачува на единиците на локалната самоуправа да престанат да емитуваат, односно рекламираат кампањи/спотови на платен простор во електронски комерцијални радиодифузери – телевизии и радија, дневни и неделни весници, билборди, интернет портали, со исклучок на социјалните медиуми, согласно усвоената мерка од Планот 3-6-9. Единствени медиуми за комуницирање на владините реклами ќе останат МРТВ и социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365