Home » Во фокусот » Се затвaра компанијата Кембриџ Аналитика

Се затвaра компанијата Кембриџ Аналитика

Британската интернет аналитичка компанија Кембриџ Аналитика, фирмата која се најде во центарот на скандалот заради злоупотреба на личните податоци на корисниците на Фејсбук во политички кампањи, соопшти дека ќе прогласи банкрот.

Компанијата е обвинета за злоупотреба на личните податоци на речиси 87 милиони корисници на Фејсбук и  дека ги споделувала со политичките клиенти и консултантски фирми, пренесува BBC.

Официјални претставници на компанијата велат дека по скандалот ги изгубиле сите клиенти и дека морале да прогласат банкрот.

Портпаролката на Кембриџ Аналитика, Кларенс Мичел изјави за Би-Би-Си дека компанијата била цел на бројни неосновани обвинувања во текот на изминатите неколку месеци и покрај обидите да се поправат работите.

За банкротот првенствено ги обвинуваат медиумите, кои со сензационалистички наслови ги оддалечувале клиентите од компанијата, а Кембриџ Аналитика продолжува да тврди дека активностите на компанијата не само што не биле нелегални , туку и дека методите што таа ги применувала се широко прифатени во областа на онлајн-маркетингот, како во политички, така и во комерцијални цели.

Од Фејсбук велат дека ова нема да влијае на нивните понатамошни напори за целосно анализирање на она што се случило со корисничките податоци во рамките на скандалот со Кембриџ Аналитика и дека ќе продолжат со понатамошни истраги и соработка со релевантните законодавни институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365