Home » Најнови вести » Сеавус CodeTalks во Скопје

Сеавус CodeTalks во Скопје

Утре, четврток,  4 октомври 2018 година, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks. Ова ќе биде петто издание на CodeTalks во Скопје.

Настанот ќе се оддржи во просториите на “Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации, со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.

Овојпат на CodeTalks, своето искуство ќе го споделат Милица Панзова, сениор девелопер во Сеавус, како и Даниела Богатиноска, сениор тестинг инженер во  Сеавус.  Милица ќе зборува на темата  “Introducing Microsoft Orleans”:

“”Orleans” е “framework”  кој обезбедува директен пристап во градењето на дистрибуирани компјутерски апликации, без потреба да се учат и да се применуваат комплексни патерни за конкурентност или скалирање. Тој е производ на “Microsoft Research” и дизајниран е за употреба во “Cloud”. “Orleans” е широко користен во “Microsoft Azure”“, вели Милица.

Вториот експерт, Даниела Богатинска, ќе зборува на тема: „The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“- Philosophy of testing”:

 „Во оваа презентација ќе се зборува за повеќе теми. Една од нив е филозофијата на тестирање и различниот начин на размислување на тестерот и на програмерот. Се опишува како степенот на независно тестирање влијае за избегнување на авторската пристрасност, задачата на тестерот во тимот, како и техники за подобрување на тимската работа. Но најважно од се е да се нагласи дека тестирањето како активност не е деструктивна и претставува онолку конструктивна активност колку што е и развојот на софтвер“, изјави Даниела.

Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.

Присуството на настанот може да го пријавите на овој линк :

https://codetalks.seavus.com/seavus-codetalks-in-skopje-04102018

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365