Home » Во фокусот » Шест одлични примери за користење на дигитал во надворешното огласување

Шест одлични примери за користење на дигитал во надворешното огласување

Дигиталните маркетри сакаат да се фалат со програматско, мобилно и огласување на социјалните мрежи. И за тоа имаат добра причина. Се очекува дека дигиталното огласување во САД само во оваа година ќе изнесува 83 милијарди долари.

Но, во САД во игра се и 29 милиони долари за амбиентално огласување,  тоа е индустрија која е зрела за дигитални иновации, а тоа и се случува, па статичните плакати покрај патиштата стануваат се повеќе дигитални. Од привлекување на податоци во реално време до персонализација на креативата на огласите, огласувачите, пронајдоа интересни начини за користење на дигитал во своето надворешно огласување оваа година.

Еве неколку начини на кои маркетерите експериментирале со своите амбиентални огласи во 2017 година:

  1. Piccadilly Circle

L’Oreal, Coca-Cola, Hyundai и Samsung се меѓу првите огласувачи на новиот голем и сјаен билборд на лондонскиот Пикадили Циркус кој се придружува на трендот на дигиталните паноа кој ги препознава минувачите и возилата, а потоа сервира реклами наменети токму за нив.

Дигиталниот LED дисплеј, во величина од околу 240 метри квадратни, е делив на шест посебни  делови за реклами и има приказ од 11 милиони пиксели, што го прави најголем од овај вид во Европа. Вградените камери ќе ги анализира возилата кои се приближуваат – по бренд, модел и боја – а потоа ќе сервираат однапред програмирани реклами наменети за лицата кои се наоѓаат во возилата.

Билбордот исто така, има способност да ги одреди „полот, возрасната група, па дури и емоциите“ на минувачите, и ќе испорачува целни рекламни содржини, тврдат од компанијата Landsec која ќе управува со билбордот.

  1. Kiehl

Студентите сакаат бесплатни работи, а Kiehl оваа година се обиде да го искористи тоа.

За таа цел, овај бренд на производи за нега на кожа, направи соработка со Vengo Lab, мрежа на автоматски уреди, за да се рекламира на нивните 1400 екрани поставени на автоматите во факултетските кампуси. Kiehl на корисниците им поклонувал производи во замена за нивниот е-маил.

  1. McDonald’s

Ланецот за брза храна McDonald’s и агенцијата Leo Burnett поставија дигитални билборди на патиштата во Велика Британија кои ги рекламираат Биг Мек бургерите кога нема гужва во сообраќајот, но кога ќе почне гужвата и сообраќајот е густ, креативата се менува и пораката гласи: “Заглавивте во сообраќајот? Светлината е на крајот од тунелот.”

Дигиталните билборди користат комбинација на онлајн и физички податоци во реално време за да ги одредат условите во сообраќајот и според нив, соодветно ја менуваат својата порака.

  1. Metropolitan Transportation Authority

Жителите на Њујорк имаа прилика да искусат многу интерактивни возења во подземната железница. Подземната железница во Њујорк во соработка со компанијата Outfront Media, ги замени статичните принт огласи со памерни дигитални екрани, кои прикажувале реклами и видео записи.

  1. Philadelphia Eagles и San Francisco Giants

Мобилното огласување можеби доминира на социјалните медиуми, но спортските тимови како што се Philadelphia Eagles, San Francisco Giants и Seattle Sounders ги пренесоа Инстаграм постовите на некои многу поголеми екрани.

Овие клубови во соработка со компанијата Tagboard ги пренесоа содржините на корисниците од Инстаграм на огромните билборди и ги прикажаа во салите за време на спортските натпревари. Прикажувањето на содржините од социјалната мрежа на големите екрани го зголемил бројот на месечни следбеници за 20%.

  1. Mazda

На меѓународниот саем за автомобили во Торонто, Mazda постави посебни билборди со видео записи од 15 секунди, кои ги претставувале нивните нови MX-5 RF модели.

Софтверот приклучен на билбордот следел колку пати потрошувачите ќе ја кренат главата за да ја погледнат рекламата. Во рок од два дена, рекламата изброи 15 000 „кревања на главите“, на своевиден начин докажувајќи дека нивниот автомобил ги „свртува погледите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365