Home » Во фокусот » Атлантик Група: Силен раст на профитабилноста и очекуван раст на продажбата

Атлантик Група: Силен раст на профитабилноста и очекуван раст на продажбата

Акцијата на Атлантик Група е водечка на примарниот пазар на Загребската берза

Во првите девет месеци од 2018 година, Атлантик Група оствари вкупен приход од 518 милиони евра, органски раст на продажбата од 3,7 проценти во споредба на истиот период лани, додека благиот номинален пад на продажбата од 0,5 проценти е резултат на минатогодишната продажба на производството на спортска храна на белгискиот партнер и отсуството на приходи поврзани со услужното производство.

Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (EBITDA) изнесува 70 милиони евра и е повисока за 18,9%, додека нето добивката по исплата на малите акционери порасна за 34,4% на 42,3 милиони евра.

Најдобри во односите со инвеститорите!

“Првенствено, поради добрите бизнис резултати, земајќи ги предвид и добиените награди и признанија, може да заклучиме дека 2018 година ќе биде уште една успешна година за Атлантик Група, во која ги зајакнавме нашите корпоративни практики, како и нашите брендови. Како прв издавач, Атлантик се пресели од официјалниот на примарниот пазар на Загребската Берза, а потоа следеше и првата награда за односи со инвеститорите. Нашиот најголем меѓународен бренд – Argeta – стана европски лидер, а редизајнираната Cockta постигнува извонредни продажби. Покрај проширениот дистрибутивен опсег, продолживме со подобрувања во дистрибутивната организација и дезинвестирање на “несуштинските” деловни операции. Исто така, значајниот раст на профитабилноста и намалените трошоци за финансирање, како резултат на натамошното раздолжување, го зајакнаа нашиот паричен тек и претставуваат силна основа за иден раст “, истакна Емил Тедески, претседател на Управниот одбор.

Меѓу многуте иницијативи од развојот на сопствените производи, особено се истакна брендот Argeta, која, по успешното започнување на производството во САД минатата година, се најде на прво место во Европа оваа година на листата на месни намази. Редизајнираната Cockta постигна извонредни продажби со вкупниот раст на сегментот HoReCa од дури 46 проценти. Стратегијата за дезинвестирање на помалите деловни операции продолжи и во јули, потпишувајќи го договорот со реномираната компанија Магдис од Загреб за продажба на компанијата Нева, со познати козметички брендови Melem, Plidenta и Rosal.

Најголем раст оствари Argeta, сегментот пијалоци, како и хрватскиот пазар

Вкупниот пораст на продажбата на Атлантик Група во првите девет месеци од 2018 година, главно, беше под влијание на следните стратешки бизнис области: Деликатесни намази остварија  раст од 10,2 отсто, пијалоците раст од 7,0 отсто, кафето раст од 4,3 отсто. Исто така, со учество од 21,0 проценти и продажба од 108,9 милиони евра, сегментот Кафе се истакна како најголема поединечна категорија во вкупните приходи. Под влијание на зголеменото портфолио и оптимизација на организацијата, најзначаен пораст во дистрибутивните операции беше забележан на пазарот на Хрватска со раст од 9,6 отсто, Србија со раст од 5,6 отсто, Словенија со раст од 5,5 отсто, а Босна и Херцеговина со раст од 4,0 проценти.

Во вкупната продажба, сопствените брендови учествуваат со 68,9 проценти, останатите брендови со 23,0 проценти, сегментот Фармација со 7,9 проценти, додека производство на приватни марки за трети лица 0,2 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365