Home » Во фокусот » Скопје домаќин на шестиот Самит 100 за бизнис лидери од ЈИЕ

Скопје домаќин на шестиот Самит 100 за бизнис лидери од ЈИЕ

Шестиот по ред Самит100 за бизнис лидери од Југоисточна Европа ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври. Самитот, на денешната прес-конференција, ќе го најават Живко Мукаетов претседател на УО на Самит 100 и Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит 100.

По успешната траекторија преку Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, оваа година Самит 100 се одржува во Скопје во реномираниот Скопје Мериот Хотел.

Самит 100 е уникатна бизнис иницијатива, која на едно место собира околу 150 еминентни бизнис лидери од целиот ЈИЕ регион чија примарна цел е да се изнајдат конкретни идеи, проекти и предлози за подобрување на поврзаноста во регионот од сите економски и општествени аспекти.

За време на минатите настани Самит 100 процени дека во ЈИЕ регионот се потребни инвестиции и подобрувања во повеќе области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, подобрување на мобилноста на работната сила, слободно движење на стоки и услуги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365