Home » Во фокусот » „Скопје креатива 2018“ од 11 до 13 мај

„Скопје креатива 2018“ од 11 до 13 мај

Седмото издание на фестивалот на  креативни индустрии  Скопје Креатива 2018 – оваа година ќе се одржи од 11 – 13 мај 2018 година во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

,,Скопје Креатива’’ е фестивал за развој на креативните индустрии во Македонија со цел поттикнување и развој на културно-креативната индустрија преку соработки помеѓу уметничко – креативниот  сектор со бизнис заедницата. И оваа година „СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2018” обезбеди  богата програма  од областа на  креативните индустрии  како што се: дизајн (проектдизајн/ индустриски дизајн,  графички, моден, мебел… функционални креации),  визуелни уметности, културни локации, нови медии, креативни услуги, изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медии.

Во рамките на фестивалот, ќе се одржи ,,Интерактивна работилница за креативен ПР” на 13 мај од 12:00–13:00 (НВО Центар) МКЦ. Предавањето ќе го одржи реномираниот Ралф  Ѓони (ПР,Комуниколог)–Албанија, основач на „Футур“. Работи  како пиар и во областа на комуникациите повеќе од 18 години и неговото искуство се протега низ Велика Британија, САД и Балканот, а најмногу  во Албанија во  последниве осум години. За време на неговата работа во Лондон за позната  глобална пиар-фирма претставувал неколку земји и работел со нивните влади за  промоција на нивниот развој и агенда на инвестиции.

Оваа година мотото на фестивалот е „7 Times 2 Creativity / 7 пати до креативност”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365