Home » Во фокусот » Речиси 1200 креативни идеи од 28 држави ќе се натпреваруваат на Golden Drum 2018

Речиси 1200 креативни идеи од 28 држави ќе се натпреваруваат на Golden Drum 2018

Речиси 1200 креативни идеи од 28 држави ќе се натпреваруваат на јубилејното 25-то издание на меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври 2018 во Порторож, Словенија. Потесниот избор ќе биде познат на 17 октомври (среда), додека пак победниците ќе бидат прогласени на свечена церемонија на 19 октомври (петок).

Од 28 држави кои се натпреваруваат оваа година, Романија има пријавено најголем број на креативни дела – 188, односно 165% повеќе од минатата година, по што следува Руската федерација со 149 пријавени креативни идеи. Најголемиот раст во број на пријавени кампањи е забележан кај Македонија, од која се испратени 600% повеќе кампањи во споредба со 2017 година. За прв пат во историјата на фестивалот Golden Drum ќе се натпреваруваат и креативците од Шпанија и Португалија.

Јобилејното издание на фестивалот Golden Drum со себе носи и повеќе новитети во натпреварувачката програма. „Ваквата радикална промена бараше голема смелост од нас, но агенциите го прифатија предизвикот и пријавија многу повеќе креативни остварувања отколку што очекувавме. Тие навистина се грижат за бизнисот, но не за бизнисот по вообичаено,“ изјави Стојан Пелко, потпретседател на фестивалот, кој заедно со Натпреварувачкиот совет го „редизајнираа“ натпреварувањето.

Дури 196 различни агенции ќе се натпреваруваат за наградата „Golden Rose“, 28 агенциски мрежи ќе се натпреваруваат за наградата „Golden Net“, а 103 независни агенции ќе се натпреваруваат за наградата „Golden Dragon.“

Најголемиот број од пријавените кампањи во категоријата „WHAT“ се однесуваат на поткатегориите „F Reach“ (13,25%), „H Craft“ (12,45%) и „A Film“ (8,94%), додека пак кај категоријата „WHY“ најголем број кампањи се пријавени во поткатегориите „Z Social good“ (9,54%), „V Entertainment“ (6,43%) и „S Activation“ (5,93%).

На натпреварот за млади креативци „Young Drummers“ пријавени се 172 постери, кои оваа година се фокусираат на зацврстување на имиџот на градот Пиран како родно место на легендарниот виолинист Тартини.

„Многу сме задоволни од резултатот на конкурсот за пријавување, со оглед на тоа што забележуваме пораст во натпреварот „Young Drummers“, а бројот на пријави за главното натпреварување го задржа нивото од минатата година, без разлика на економските потешкотии на турскиот пазар кој секогаш бил во голема мера присутен на фестивалот. Меѓу другото, неколку нови агенциски мрежи и држави ќе се натпреваруваат за престижните награди оваа година. Верувам дека овогодишното жири ќе има доста работа,“ објасни претседателката на фестивалот, Мојца Бришчик.

Овогодишните пријавени креативни дела ќе бидат оценувани од страна на две професионални жирија составено од 22 врвни меѓународно признати експерти од креативната индустрија. Душан Дракалски, генерален креативен директор за Европа во Ray Productions е претседател на „WHAT“ жирито, додека пак Адријан Ботан, глобален извршен креативен директор во McCann Worldgroup и претседател на Европскиот совет за креативно лидерство, е претседател на „WHY“ жирито. Постерите од „Young Drummers“ натпреварувањето ќе бидат оценувани од специјално 5-члено жири предводено од Жозефин Ричардс, креативен директор на INGO Стокхолм.

Повеќе информации за креативниот фестивал Golden Drum можете да прочитате на официјалниот веб-сајт: www.goldendrum.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365