Home » Во фокусот » Словенечки Пристоп со нови мнозински сопственици

Словенечки Пристоп со нови мнозински сопственици

Водечката словенечка агенција Пристоп, го комплетира процесот на консолидација на сопственичката структура, денеска објави MarketingMagazin.eu.

Холдинг компанијата Imo Invest, чии сопственици се актуелни менаџери во агенцијата, се стекна со вкупно 42% во Пристоп, кои досега ги поседуваше луксембуршката компанија Marbo. Сопственици на Marbo се поранешните сопственици и клучни менаџери на Пристоп, меѓу кои и Франци Заврл и Андреј Драпал.

pristop

Сопственици на Imo Invest, новиот мнозински акционер се : Примож Пусар (79 проценти), Ула Спиндлер (8 проеценти), Сашо Димитриевски (8 проценти) и Аљоша Багола (5 проценти) сите во моментов на водечки менаџерски позиции во агенцијата.

Со новата консолидација, сопственичката структура на Пристоп во моментов изгледа вака: Imo Invest (42 проценти), сопствени акции (33 проценти), Разапет (8 проценти), Андреј Драпал (8 проценти) и Франц Заврл (8 проценти).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365