Home » Во фокусот » Сникерс уште еднаш не` потсетува дека: “Ти не си ти, кога си гладен“

Сникерс уште еднаш не` потсетува дека: “Ти не си ти, кога си гладен“

Недостатокот на Сникерс уште еднаш доведува до непријатни ситуации во новата серија реклами

Сникерс објави две нови реклами во САД, во кои главната улога им ја дава на своите нови видови чоколади со бадеми и путер од кикирики, а се дел од добро познатата платформа “Ти не си ти, кога си гладен“.

Во рекламата “Ahmend“, гледаме двајца во автомобил, а еден од нив објаснува колку му се допаѓа сето она што е повзано со бадеми, додека во раката држи чоколадо Сникерс. Сепак, тој постојано погрешно го изговара зборот almonds (бадеми), што неговиот возач неизмерно го иритира. На крајот, возачот повеќе не може да трпи…

Во рекламата „Confession“, која го промовира чоколадото со путер од кикиритки, еден човек ги исповеда своите прилично чудни гревови, но наскоро сфаќаме дека тој всушност не е во исповедалница.

Двата спота ги изработи агенцијата BBDO Њујорк, а се прикажуваат на онлајн каналите, со тоа што рекламата “Ahmend” ќе се прикажува и на телевизиските екрани од 19-ти март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365