Home » Компании » Со Magenta 1 Business до поефикасно работење на компаниите

Со Magenta 1 Business до поефикасно работење на компаниите

Македонски Телеком ја збогати постојната Magenta 1 Business понуда со којашто на компаниите им се овозможува флексибилност во изборот на услугите, подобра комуникација и екстра можности за поефикасно работење. Magenta 1 Business пакетот содржи сè што е потребно за бизнисот на едно место и во една сметка. Оваа понуда на компаниите им нуди неограничени разговори во фиксните и мобилните мрежи, супер брз интернет за во канцеларијa и во движење, како и бесплатни Cloud услуги за паметно работење.

160331_MagentaOne_Business

Дополнително, почнувајќи од денеска па сè до 22 ноември, сите корисници кои за првпат ќе склучат Magenta 1 Business договор на 2 години, промотивно добиваат: двојно повеќе мобилен интернет, можност за користење на мобилниот интернет преку втор уред (таблет или лаптоп) без надомест, простор за чување податоци на Виртуелен диск до 150 GB, како и можност за избор на пакет од два уреда (Huawei или Samsung) по супер цена.

Корисниците кои што ќе одберат Magenta 1 Business пакет добиваат и 20 отсто попуст на месечната претплата, а дополнително можат да ја одберат и најдобрата интерактивна телевизија MaxTV по поволна цена.

Повеќе информации за  Magenta 1 Business пакетот може да се добијат на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365