battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Турската Влада формира social media тим – од 6000 луѓе

Турската Влада формира social media тим – од 6000 луѓе

Моќта на социјалните медиуми најмногу може да се види по “арапската пролет”, за која што се надевам дека сите знаете по нешто (а, и би требало како маркетери да ги пратете сите случувања околу Вас).

Моќта на социјалните мрежи не ја доведе Турција до пад на Владата како во арапските земји во Северна Африка, но им зададе главоболки на политичарите. Иако целата политичка ситуација ќе ја оставиме настрана (заситеност од политика, нели?), она што моментално го превзема турската Влада е формирање на тим од т.н. експерти во светот на социјалните медиуми, најчесто млади лица од подмладокот на партијата што е на власт, кои што ќе поминат тренинзи за да почнат да влијаат на јавното мислење.

Ова како вест, иако е интересна од аспект на тоа да одреден субјект се интересира и сака да влијае на она што народот мисли за него, од друга страна е застрашувачки бидејќи е во контекст на постојана политичка борба. 1000 лица од овој тим ќе бидат насочени кон Истанбул, местото на најголемо антивладини протести, 600 во Анкара, 500 во Измир, како дел од топ-3 местата со најголеми протести.

Медиуми врз кои што ќе се “влијае” се Facebook, Twitter, YouTube, Instagram

Иако, отпрвин, премиерот Ердоган го нарече Twitter како место на извор на лaги и претерувања, се премисли и сака да го искористи него како средство за промоција. Впрочем, неговиот профил има 3416178 следбеника. Тој не следи никој :)

Што Вие сметате за оваа политика на влијаење?

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365