Home » Во фокусот » Социјален експеримент на Икеа: Растенијата имаат чувства, исто како луѓето

Социјален експеримент на Икеа: Растенијата имаат чувства, исто како луѓето

Агенцијата Memac Ogilvy ја осмисли оваа акција, која, според агенцијата, се потпира на голем број теории за невробиологија на растенијата

“Икеа“ смисли необичен начин да им ги покаже на учениците последиците од насилното однесување, а единствената “жртва“ во нивниот експеримент спроведен во Обединетите Арапски Емирати е едно растение.

Имено, Икеа спроведе “експеримент”, кој беше осмислен од страна на агенцијата Memac Ogilvy, во кој е малтретирано едно растение во рамките на обележувањето на Денот на борбата против насилството 4 мај. Малопродажниот гигант зеде две идентични растенија од нивната палета и ги стави во стаклени кутии со звучници во едно училиште во Дубаи. Компанијата потоа ги замоли децата да снимаат позитивни и негативни пораки, кои потоа им беа пуштени на растенијата во текот на еден месец.

Агенцијата тврди дека растенијата биле подеднакво третирани под исти услови со само една разлика. Едно од растенијата добивало позитивни пораки, другото било изложено на серија негативни пораки.

Резултатот од експериментот може да се види во видеото подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365