Home » Во фокусот » Содржината поддржана со реклами и понатаму е омилена во рестечкиот медиумски универзум

Содржината поддржана со реклами и понатаму е омилена во рестечкиот медиумски универзум

Овој тип на содржина успеа да го задржи чекорот со драматичните промени во медиумскиот пејзаж и навиките на потрошувачите

И покрај се поголемиот број на медиумски содржини и речиси неограничената количина на содржини на располагање на потрошувачите, еден вид на содржина на која корисниците го трошат своето време остана прилично доследна – содржина поддржана со реклами, околу која потрошувачите и продолжуваат да гравитираат кога станува збор за нивните навики на гледање.

Според податоците на компанијата Нилсен, процентот на времето што возрасните во САД го поминуваат на содржини поддржани со реклами на сите платформи (на пр.ТВ, радио, паметни телефони, конзоли и таблети) во 2017 година изнесувал 86%. Овој број покажува релативно стабилен удел на овој тип на содржина, бидејќи податоците за 2002 година, кога ТВ и радиото беа доминантни канали, покажуваат дека овој тип на содржина имал речиси ист удел – 89%.

Она што е особено импресивно за оваа статистика е фактот дека со текот на времето, потрошувачите навики драматично се промениле со воведување на нови уреди и видови на потрошувачка на медиумите, но сепак, вниманието на содржината поддржана со реклами, одржала чекор со овие промени.

Додека 96% од американските домови поседуваат телевизија, други уреди полека достигнуваат сеприсутност. Иако стапката на пенетрација на компјутерите е забавена, овие уреди сè уште може да се најдат во 80% од домовите во САД со ТВ. Во меѓувреме, нивото на пенетрација на таблети и паметни телефони брзо се зголеми на 64% или 89%. Услугите на претплатичките видеа на барање (SVOD) ги надминаа нивоата на пенетрација на нивните претходници, DVR. Што се однесува до останатите понови платформи, околу две третини од домовите имаат уред поврзан со интернет, кој може да репродуцира содржина на ТВ-екран, вклучувајќи паметни телевизори, мултимедијални уреди и конзоли за видео игри.

Ангажманот со содржината поддржана со реклами и понатаму бележи силни резултати и покрај високите стапки на прифаќање за толку многу уреди, делумно поради тоа што времето кое потрошувачите го поминуваат со медиумите не остана исто. Поточно, времето кое потрошувачите им го посветуваат на медиумите е продолжено и се зголемило за повеќе од 25 часа во периодот меѓу 2002 и 2017 година. Времето кое се поминува на содржина поддржана со огласи, исто така, се зголеми и оддржува конзистентен однос во вкупното време поминато со медиумите, објаснува Нилсен.

Во вториот квартал на 2007 година, просечното време кое возрасните американци го поминувале со медиумите било нешто повеќе од 50 часа неделно. Во вториот квартал од 2017 година, овој број се зголемил на повеќе од 75 часа неделно, од кои речиси 65 часа биле потрошени на платформи поддржани со реклами. Од вториот квартал на 2012 година, просечното време поминато на телевизиски, радио и дигитални платформи со поддржани реклами се зголеми за повеќе од 15 часа, што претставува зголемување од 30% до 2017 година. Ако се погледне вториот квартал од 2002 година, тоа време е продолжено за 20 часа.

Иако конзумацијата на медиуми поддржани од реклами варираше во текот на изминатите 15 години, сепак е далеку подоминантна и поуспешна отколку што се мисли. Денес, содржината поддржана со реклами останува шампион во медиумската потрошувачка со променливи медиумски вкусови и навики на потрошувачите. Иако таквите модели на приходи постојат некое време, изгледа дека поседуваат разновидност и приспособливост неопходни за да бидат во чекор со крајно динамичниот и фрагментиран пејзаж. Ова ново време на медиумска потрошувачка им овозможува на маркетерите и огласувачите да стигнат до потрошувачите на повеќе начини од кога било досега и тоа со леснотија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365