Малкумина се свесни за фактот дека многу девојки не можат да си ги дозволат основните хигиенски производи, а агенцијата креираше прилично шокантна принт реклама за да го привлече внимание на овај проблем
Што би помислиле кога при прелистување на весникот наидете на страница што ве тера да исечете облик на хигиенска влошка за да ја користите. Би помислиле “Кој би го направил тоа?”. Но, верувале или не, многумина се принудени да преземат вакви чекори.
Компанијата Hey Girls од Велика Британија ја креираше оваа принт реклама во дневните весници, за да нагласи дека една од десет жени во Велика Британија не може да си ги дозволи себеси ниту основните хигиенски производи, што некои го нарекуваат “Period poverty“.
Двостраната реклама е дизајнирана да го привлече вниманието на читателот, а оние кои ќе ја отвора страницата ќе ја откријат катастрофалната статистика: “Една од 10 жени во Велика Британија не можат да си ги дозволат основните хигиенски производи. Секој месец, тие се принудени да користат тоалетна хартија, чорапи, па дури и весници “.
Пораката исто така, содржи повик за акција – за секоја кутија купени хигиенски влошки Hey Girls, оваа организација донира едно пакување на жени кои не можат да си дозволат да купат.
Кампањата ја изработи агенцијата Adam&Eve/DDB, а Мет Гоф, извршен директор на агенцијата, изјави: “Period poverty е една деградирачка нееднаквост, поради кој девојките во Велика Британија мора да импровизираат. Кога го запознавме тимот на “Hey Girls“, знаевме дека мораме да се вклучиме и да помогнеме со цел да се привлече вниманието на нивниот пристап кон решавање на ова прашање “.