Home » Во фокусот » Современи жени: моќна група која инвестира, се вклучува и влијае врз другите

Современи жени: моќна група која инвестира, се вклучува и влијае врз другите

Брендовите и организациите кои сакаат да стигнат до овие свесни потрошувачи имаат повеќе опции од кога било досега

Што ако лесно можете да достигнете до динамична публика која е влијателна, образована, претприемачка и посветена на континуираниот раст на општеството? Сè повеќе, таа движечка сила се жените. Само во САД, жените сочинуваат нешто повеќе од половина од населението, а управуваат со над 39 трилиони долари. Тоа значи дека тие се задолжени за 30% од светското богатство, а оваа бројка продолжува да расте.

Истражувањето на Нилсен за однесувањето на потрошувачите им овозможува на огласувачите да се поврзат со жените, да го слушнат нивниот глас и да дознаат повеќе за нивните секојдневни навики за конзумирање на медиуми и модели на купување. Разбирањето на нивното однесување е клучно за издавачите и брендовите кои сакаат да креираат содржини кои ќе ја привлечат таа моќ на жените за промена на пазарите.

Жените од сите возрасти и етнички групи создаваат препознатливи вредности и приоритети во светот на потрошувачката. Мултикултурните жени се особено свесни потрошувачи, и ги поддржуваат брендовите и компаниите кои се грижат за животната средина, заедницата, семејството и здравјето. Всушност, според истражувањето на Нилсен во САД, 58% од афроамериканските жени велат дека се подготвени да платат повеќе за производ кој е безбеден за животната средина, а 62% од латиноамериканските жени се согласуваат со изјавата дека купуваат врз основа на квалитет, а не цена. 86% проценти од азиско-американските жени се согласуваат со тврдењето дека тие секогаш бараат нови начини да живеат поздрав живот.

Брендовите и организациите кои сакаат да стигнат до овие свесни потрошувачи имаат повеќе опции од кога било досега. Жените се одлични потрошувачи на видеа, интернет и радио, а се` повеќе се занимаваат со медиуми и технологија. Според извештајот Total Audience Report на Нилсен за вториот квартал на 2017 година, возрасните американци консумираат речиси 76 часа содржина неделно на сите екрани и уреди. Поголемиот дел од времето сеуште го посветуваат на традиционалната телевизија во живо, но моменталните трендови покажуваат дека потрошувачите трошат се` повеќе време со дигиталните уреди, особено жените. Радиото, исто така, е доста популарно кај жените, бидејќи поминуваат речиси два часа дневно слушајќи радио. Во вториот квартал од 2017 година, е забележано дека жените на возраст над 18 години, конзумираат содржина повеќе од 11 часа дневно на сите уредите – од ТВ до паметени телефони.

Меѓу жените на возраст над 18 години, традиционалната телевизија во живо, останува најголемата компонента во нивната медиумска потрошувачка, со просек од 4 часа дневно поминати гледајќи го овај медиум. Од 2015 година до денес, оваа демографска група постојано троши просечно околу 30 минути на ден со time-shifted телевизиски платформи.

Nielsen_Newswire_March2017

Локалните вести се клучот за интеракција со мајките

Двигателите кои стојат зад начинот на кој жените го распоредуваат своето време и внимание, мора да го земат во предвид нивниот животен период и искуството. Најдобар пример се мајките во САД и нивната потрошувачка на вести на дневна основа. Маркетерите веќе долго време ги препознаваат мајките како моќен сегмент на општеството, а новите производи и кампањи постојано ге развиваат имајќи ги во предвид мајките.

Но, кое е најдоброто време да дојдете до мајките преку локални вести?

Па, сето тоа зависи од тоа дали тие се вработени или домаќинки. Бидејќи тие имаат различни распореди и начин на живот, нивната потрошувачка на локални вести се разликува врз основа на тоа каде се наоѓаат во текот на денот.

Според изваштајот Local Watch на Нилсен, на работните мајки отпаѓа поголемата гледаност на утринските вести (58%) и доцните вечерни вести (52%), бидејќи најчесто работат во текот на денот. Од друга страна, мајките кои остануваат дома,  ги следат вестите на пладне (61%) и рано навечер (57%) и поминуваат многу помалку време слушајќи вести во утринските часови. Овие мајки не вршат интеракција со медиумите на ист начин, давајќи им на огласувачите одлична можност да допрат до нив, имајќи ја во предвид разновидноста на нивните распореди и начин на живот.

Жените играат активна улога во дигиталниот и традиционалниот медиумски простор. Со промената на медиумскиот пејзаж, тие исто така се прилагодуваат на новиите промени, со користење на нови форми на технологии за секојдневно купување. Овие навики укажуваат на потребата на маркетерите да знаат како и каде да стигнат до нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365