„Британската пивска алијанса“ е организација која вообичаено има прилично комфорна работа: да ги поттикнува Британците да пијат пиво. Но, оваа организација сега го менува тонот и собира поддршка за една блиска и драга кауза за многумина во Обединетото Кралство – одржување во живот на локалните пабови.
Со широката кампања „Long Live the Local“, создадена од Havas London, „Пивската алијанса“ сака да го привлече вниманието на јавноста во поддршка на локалните пабови против високите даноци. Имено, според Алијансата, секоја една од три потрошени фунти во пабовите оди како данок, а секој ден по три пабови се затвораат поради финансиски притисок.
Една друга организација, The Campaign for Real Ale, веќе подолго време води слична кампања, барајќи од политичките кандидати да ги поддржат локалните пабови во борбата за зонска заштита против нивното рушење за изградба на станбени објекти.
Кампањата на „Пивската алијанса“ опфаќа едноминутен спот и вариетет на други адвертајзинг елементи, како постери и подметнувачи за чаши, преку кои го шири својот повик за поддршка на пабовите со потпишување на петиција.
Кампањата ќе биде поткрепена со 3 милиони фунти годишно во наредните три години.
„Поради широкиот даночен притисок со кои се соочуваат пабовите, бројните драгоцени локали кои веќе ги изгубивме засекогаш и импактот што сето тоа го има врз заедницата, одлучивме дека е потребна промена во нашиот пристап и нова кампања,“ изјави Дејвид Кунингам, програмски директор на „Британската пивска алијанса“.
Не беше потребно многу убедување за повеќе агенции да се приклучат во кампањата. Покрај креативата на Havas London, кампањата се состои и од медиска стратегија на Havas Media, веб-дизајн од Ekino, CRM од Havas Helia, ПР од One Green Bean, присуство на социјални медиуми преку Socialyse, принт продукција на HKX Productions, филмска продукција на Stink Films, фотографија на LGA и политички увид и програмски развој од Hanover.
„Пабот, столб на заедниците насекаде низ државта, е под закана. Grassroots-стилот на овие постери и универзално блиските сцени во спотот ја доловуваат итноста и важноста на оваа кампања. Заедно со сите други елементи на соодветниот тимски напор за нешто што е толку културно важно – ќе биде невозможно да се игнорира,“ заклучи Бен Муџ, извршен креативен директор на Havas London, во однос на кампањата.
Во продолжение погледнете неколку од принт решенијата за спас на локалните пабови: