Home » Во фокусот » Средба на Европските здруженија за маркетинг комуникации во Дубровник

Средба на Европските здруженија за маркетинг комуникации во Дубровник

Во Дубровник два дена се разговараше за актуелните случувања во комуникациската индустријата на годишниот состанок на Европскотоздружение за пазарно комуницирање

Хрватското здружение за пазарно комуницирање, HURA, беше домаќин на годишниот состанок на професионалните здруженија на ниво на Европа, кое обединува повеќе од 2.500 агенции од 30 европски земји, кои директно вработуваат повеќе од 120.000 луѓе.

Во Дубровник два дена се разговараше за актуелните случувања во комуникациската индустрија, Општата регулатива за заштита на податоците(GDPR) и прописите за приватност на интернет кои допрва ќе стапат на сила, но и за феноменот на лажни вести и важноста на транспарентноста. Претставниците на националните професионални здруженија се согласија дека е важно заедно да истапат пред институциите на Европската унија и да ги застапуваат интересите на комуникациската индустрија.

Хрватска за прв пат доби можност да биде домаќин на Европската асоцијација на здруженија за маркетинг комуникации (EACA), а по повод оваа прилика претседателот HURA Давор Брукета, изјави: “Горди сме што Европската асоцијација на здруженија за маркетинг комуникации го препозна проактивното дејствување на HURA и не` избра како домаќин на годишниот состанок. Во HURA го сфативме тоа како прилика за поголемо вклучување во меѓународните иницијативи и можност за активно влијание на политиките и процесите кои влијаат на нашата работа, како Општата регулатива за заштита на податоците -GDPR “

HURA, со учеството во Европската асоцијација на здруженија за маркетинг комуникации, активно работи на меѓународно ниво со цел да обезбеди подобра позиција комуникациската индустрија на пазарот, но исто така и на национално ниво делува активно, ги едуцира професионалците преку фестивали и работилници кои систематски ги организира, со цел унапредување на професијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365