Home » Во фокусот » Српскиот online пазар во 2014 изнесувал 18,16 милиони евра

Српскиот online пазар во 2014 изнесувал 18,16 милиони евра

(РЕГИОН) – Огласувачите во Србија во текот на 2014 година инвестирале околу 18,16 милиони евра во online огласување, што е за околу 11,8% пораст во однос на претходната година – рече претседателот на УО на ИАБ Србија и дигитал менаџер во агенцијата Direct Media, Г-дин Владимир Аранџеловиќ на конференцијата Digital Day 2015.

vladimir arangelovic

Претставувајќи ги резултатите од Adex извештајот за инвестиции во огласувањето на интернет откри дека display огласувањето во Србија зазема речиси 45% од целиот online колач a po okolu 14% припаѓаат на Google и Facebook.

Исто така тој додаде и дека мобилниот маркетинг зазема нешто повеќе од 2% од пазарот, но и дека е медиум кој има најголем раст, односно дека се зголемил за неверојатни 108% во однос на претходната година.

Извор: MarketingMreza

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365