Home » Во фокусот » Српското друштво за односи со јавност ги додели овогодинешните ПРизнанија !

Српското друштво за односи со јавност ги додели овогодинешните ПРизнанија !

(РЕГИОН) -Српското друштво за односи со јавноста (DSOJ) синоќа ги награди најдобрите комуникациски кампањи, проекти и иницијативи на традиционалниот, 18-ти по ред годишен ПРием. За овогодинешните награди , во 13 категории, пријавени беа вкупно 68 проекти, а во финалниот избор се најдоа 30 проекти од корпоративниот, јавниот и непрофитниот сектор.

Наградата за “Исклучителен личен придонес во областа на комуникациите – Срџан Џуриќ“ за 2014 година е врачена на нашата драга колешка Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот MarketingMreza.

PRizananija

Во категориите ПР агенции на годината наградите им припаднаа на – New Moment New Ideas Company (во категоријата големи агенции) и Chapter4 (во категоријата мали и средни агенции). Престижното ПРизнание – “Комуникатор на годината“ оваа година замина во рацете на Саша Јанковиќ.

Агенцијата New Moment New Ideas Company освои и две ПРизнанија, во категориите “Интерни комуникации“ за проектот “Интеса тим“ и “Комуникација во непрофитниот сектор“ за проектот “Чуваркучица, куќа која ги чува децата“.

Агенцијата Chapter 4 PR доби награди во категориите “Корпоративни комуникации – големи претпријатија“ за проектот “McDonald`s врти нов лист – Квалитет за новото време“ , како и “Најдобра имплементација на интернационална кампања“ за проектот “WWF – Час за нашата планета 2014“.

Списокот на сите добитници на ПРизнание можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365