Home » Во фокусот » Статистиките се поубедливи отколку препораките од славните личности

Статистиките се поубедливи отколку препораките од славните личности

Ако се верува на резултатите од најновото истражување на Ipsos Mori спроведено врз 2000 Британци, во рекламните пораки најубедливиот начин кој ја зголемува довербата на публиката кон една реклама, е ако тврдењето за “квалитетниот“ производ во рекламата е поддржано и со статистика која ги потврдува квалитетите и исклучителноста на производот.

Ваков одговор дале дури 57% од испитаниците кои овојпат целосно го срушија митот за успешност на рекламата ако производот се препорачува од славна личност, опција на која “веруваат“ само 1% од испитаниците.

Потврдата за квалитетот на производот која доаѓа од трета страна (организација која има доверба кај публиката) е исто така добра опција да се вклучи во една огласувачка порака.

Брендовите кои сеуште користат славни личности кои “го фалат“ производот, треба да се замислат дали ќе продолжат со истата стратегија кога ќе ја видат табелава подолу:

Статистика во рекламната порака Vs. фалење од јавни личности

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365