Home » Во фокусот » Стевчо Јакимовски стана прв политичар со персонална мобилна апликација

Стевчо Јакимовски стана прв политичар со персонална мобилна апликација

Во пресрет на локалните избори кои во Македонија ќе се одржат овој октомври, политичарот и актуелен градоначалник на општина Карпош, лансираше мобилна апликација преку која овозможува непосредна комуникација со него и неговиот тим.

Следејќи ги светските трендови, градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе биде постојано online и преку оваа апликација за паметни уреди. Граѓаните, освен што побрзо ќе бидат запознаени со сите случувања и настани во Општина Карпош, самата апликација им нуди можност да пријават проблем на кој надлежните општински служби навремено ќе реагираат“ – информираат од општината.

Апликацијата засега е достапна само за корисниците на андроид смарт телефоните и може да се најде на Play Store на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365