За сите кои што се заинтересирани за сопствена едукација, доквалификација или преквалификација во делот на Маркетинг и ПР, Creative Hub организира конкурс за стипендии. Под мотото Маркетинг 360⁰ предизвик заинтересираните ќе имаат можност да одговорат на една маркетинг задача и да освојат една од стипендиите кои ги нуди Creative Hub.
За да учествуваат заинтересираните може да се пријават преку маил на contact@creativehub.mk или телефонски на 071 214 849.
Пријавените имаат можност да освојат стипендија во вредност од 600 евра или некоја од стипендиите од 300 евра.
Ова е четврта по ред Академија за маркетинг и ПР на Creative Hub, а програмата вклучува обуки за Дигитален Маркетинг (Copywriting, SEO, Advertizing, Google Ads, Facebook Ads Manager, Content Creation), Event Management, Продажни Техники, Брендирање, Маркетинг Истражување, Маркетинг Стратегија, но и предмети во дејноста на односи со јавност како ПР, Корпоративен ПР и Кризен ПР.
Creative Hub не е само Академија, туку искуство низ кое учесниците покрај Академијата имаат можност да слушаат и визитинг предавања од познати маркетинг агенции, да учествуваат бесплатно на културни настани од областа на маркетингот кој ги организира центарот, но и да добијат платена пракса во времетрање од 3 месеци по студирањето.
Повеќе информации за програмата можете да најдете на www.creativehub.mk