Home » Extra 5 » Што се случува кога Canon ќе испрати човек кој никогаш не ја напуштил својата земја на другата страна од планетата?

Што се случува кога Canon ќе испрати човек кој никогаш не ја напуштил својата земја на другата страна од планетата?

Во 27 години, Питер никогаш не стапнал надвор од неговата матична земја Австралија. Сето тоа се промени кога брендот за фотоапарати Canon му овозможи да посети дестинација која е прилично далеку од дома – Етиопија.

Како дел од кампањата „Доведете ја вашата љубопитност“, Питер беше предизвикан да излезе од својата комфорт зона и да оди на патување половина свет подалеку.

Поради грижата за својот татко и баба низ годините, Питер останал “во место”. „Сите се раѓаме љубопитни, но со време нашиот начин на размислување и погледот на светот може да станат ограничени, особено ако живеете во брза метропола,“ истакнуваат од Canon.

Canon го опреми Питер со еден до своите модели, овозможувајќи му да ги споделува своите радосни моменти од патувањето со луѓето ширум светот, совапаѓајќи се со основаната порака на брендот: „Есенцијата на фотографијата лежи во остварувањето на вашата креативност, извлекувајќи го најдоброто од опремата која ви е достапна и допуштајќи и’ на љубопитноста да ја води леќата.“

Кампањата „Доведете ја вашата љубопитност“ вклучува три само-прогласени „нељубопитни“ индивидуи. Покрај Питер, до сега беше претставена и 78-годишната Ирена, на која Canon и’ овозможи да се врати во Грција за прв пат од нејзиното детство, додека пак третата личност од кампањата ќе биде претставена наскоро.

Повеќе за авантурата на Питер можете да прочитате (и да видите) тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365