Home » Во фокусот » Што не чини со информирањето од “традиционалните“ медиуми?

Што не чини со информирањето од “традиционалните“ медиуми?

Доколку спаѓате во помладата публика, онаа родена околу крајот на милениумот која во Америка ја нарекуваат „милениумци“, веројатно во животот се` на се неколку пати сте прочителе весник или сте се информирале за најновите случувања од вестите на телевизија или радио. Напротив, покрај игнорирањето на традиционалните медиуми (печат, радио, телевизија), за информирање веројатно користите некои од друштвените мрежи на кои сте помалку или повеќе активни, некои од форумите или некои од каналите на YouTube. Дури и оние кои се двапати и трипати постари, а повешти со кампјутерите, исто така го следат овај тренд кој впрочем, и самите го започнаа.

Иако немаме соодветни и сеопфатни јавно достапни истражувања од овај вид, нешто можеме да научиме од статистиката на Nielsen и Pew Research за САД, според која традиционалните медиуми, посебно телевизијата која до крајот на 90-тите била апсолутно најкорисен информативен медиум во светот, сега ја следат главно постари лица. На пример, Fox News, кој е најгледан информативен канал во САД, кои се пазар со преку 300 милиони жители, секојдневно го следат вкупно 321.000 гладачи, а според Nielsen, просечната старост им е 68 години (со тоа што оваа е горна граница во анкетета – можно е и да се постари, но во анкетната група спаѓаат во таа најстара група “до 68 години“).

MSNBC и CNN стојат нешто подобро – иако во просек имаат помалку гледачи од Fox News, нивните се нешто помлади – лица од 60 години.

Слична е состојбата и со другите традиционални медиуми на кои се верни оние постарите, а често и со понизок социјален статус, иако во случајот на печатената дистрибуција, корисниците гледано по образование и примања имаат двоен профил, па така ги читаат и оние со понизок имотен и образовен статус, но и оние со повисоко образование и подобра имотна состојба, но веќе, благо речено, во зрели години.

Една од причините на ваквиот пад на популарноста на информирањето од традиционалните медиуми е секако и лесната достапност до новите медиуми. Како што сите сме помалку или повеќе на кoмпјутер, таблет и мобилен постојано поврзани на интернет, често поедноставно е да се погледне што има ново на екранот кој ни е во тој момент при рака, отколку да купуваме весници или да седнеме пред ТВ ( и тоа во точно определено време) за да се информираме.

Од друга страна, пролиферацијата на слободно достапните информации од различни извори на интернет кои ги „конзумираме“ точно кога нас ни одговара на кој било уред кој во тој момент го имаме пред себе, донесе неверојатен плурализам на погледите и размислувањата кои значајно се разликуваат од оние во меинстрим медиумите.

Неодамнешната анализа нa The New York Times покажа дека медиумското покривање на претседателските кандидати во американските актуелни предизбори нема никаква врска со популарноста на кандидатите на национално ниво. Така Trump има повеќекратно повеќе медиумско време од Clinton и Sanders, кои се двајцата попопуларни од него на национално ниво, додека Clinton има далеку повеќе медиумско време од својот демократски противкандидат Sanders, кој е пак и од неа попопуларен на национално ниво (и од Trump и од останатите републикански кандидати).

Иако споменатите примери се политички, лесно се преведуваат и во другите подрачја и зони на дејствување на медиумите, не само во надворешната и внатрешната политика. Од друга страна, конзументите се повеќе или помалку, макар и само инстиктивно, се повеќе свесни за тенденциозноста и перфидноста на ваквиот медиумски ангажман и необјективност токму од страна на најголемите и некои од “најрелевантни“ медиуми, и се свртуваат на другите средства за информирање кои можат и самите да бидат тенденциозни, неточни, генерално лоши, но не спаѓаат во “MSM” категоријата на медиуми, кои се речиси гарантирано лоши.

Една од техниките со кои се овозможува да се замаскира новинарскиот непрофесионализам е неутралноста наспроти објективноста. Неутралноста се огледа во фактот дека спротивставените ставови често даваат еднаква тежина во извештаите без оглед на нивната објективна релевантност или исправност.

На пример, еднаква тежина има ставот на противникот на вакцинирањето, личност без никакво медицинско образование и ставот на некоја национална лекарска комора или Светска здравствена организација дека вакцинацијата на популацијата е нужна за сузбивање на заразните болести. Наместо објективи информации, така добиваме “неутрално“ презентирање и на информација и на дезинформација како еднакво вредни, што е во директна спротивност со постулатите на новинарството кое би требало (во идеален случај) да презентира проверени и вистинити информации.

Меѓутоа, кога информацијата стане дел од “infotainment“- медискиот простор маненет за привлекување публика, која, пак, служи за продажба на огласниот простор, тогаш  тука и новинарските практики (обичаи) се губат.

На кратко, иако постојат технички причини (компјутеризација) кои информациите ни ги прават лесно достапни во моментот кога ни требаат и кога сакаме да ги добиеме, недостатокот на доверба во големите медиуми во традиционалните формати е уште една значајна карактеристика која тие ќе мораат да се справат доколку не сакаат сосема да исчезнат.

Имено, веб страниците на големите медиуми кои ги пренесуваат своите информации од хартија или радио или ТВ во формат прилагоден на интернет добата, исто така страдаат и имаат проблеми и со заработката и со привлекувањето на публика, па јасно е дека преминот на интернет како медиум не е решение само по себе.

Дури, големите медиски имиња (“брендови”) наскоро би можеле наместо  “asset” (вредност) да станат “liability“. А тоа не е вина на интернетот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365