Home » Во фокусот » Што огласувачите мислат за маркетинг агенциите?

Што огласувачите мислат за маркетинг агенциите?

Што огласувачите мислат за маркетинг компаниите

На панелот на огласувачи насловен “Како бираме маркетинг агенција“ кој се оддржа во склоп на BalCannes ревијата на Weekend Media Festival-от претставени се резултатите од истражувањето на HURA кое го изработи истражувачката куќа Ipsos врз 37 огласувачи клиенти на маркетинг агенции во Хрватска – во однос на ставовите на огласувачите за соработката со маркетинг агенциите во Хрватска.

Истражувањето покажа дека на Хрватските огласувачи при изборот на маркетинг агенција многу важни им се:

– квалитетот на работата на агенцијата,

– разбирањето на клиентот и неговиот пазар, како и

-квалитетот на креативните решенија

Како најважна карактеристика на агенцијата, огласувачите во најголем број истакнале дека тоа е квалитетот на предложените стратегии и знаењето и посветеноста на агенцискиот тим.

Истражувањето покажа дека мнозинството на клиенти на маркетинг агенциите, својата агенција ја перцепираат како важен партнер во развојот на сопствениот бизнис, како и дека огласувачите воглавно се задоволни со своите партнерски агенции.

Сепак според истражувањето, само четвртина од клиентите рекле дека агенцијата има значајна улога во формулирањето на маркетинг стратегијата, а покажа и дека клиентите недоволно ги вреднуваат наградите кои агенциите ги добиваат на разни фестивали.

Учесниците на панелот – Ева Алјанчич, директорка за маркетинг и продажба во Si.mobil (Словенија), Александар Познаниќ, директор за маркетинг во Јафа (Србија) и Лејла Даутович Чајич директорка за маркетинг на СПП пијалоци, Атлантик група (Хрватска) како и Дражен Николич, претседател на одборот на ACI-a, ги потврдија мнозинските ставови на огласувачите кои беа презентирани од истражувањето.

Како најважна карактеристика на агенциите го истакнаа разбирањето на брендот и правецот во кој компанијата сака да оди и се сложија дека агенциите имаат голема улога во постигнатите деловни резултати на огласувачите.

Панелистите, спротивно од резултатите од истражувањето, истакнаа дека наградите на креативните фестивали се особено важни и се еден од главните фактори во процесот на избор на маркетинг агенција.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365