Home » Во фокусот » Што означуваат термините “Црн Петок“ и “Сајбер Понеделник“ во адвертајзингот?

Што означуваат термините “Црн Петок“ и “Сајбер Понеделник“ во адвертајзингот?

Изминативе две-три недели едни од најактуелните теми што ни доаѓаа од маркетинг и адвертајзинг индустријата од САД, помеѓу другото, беа и тие кои обработуваат теми како компаниите да се подготват за “Црниот Петок“ и “Сајбер Понеделникот“ а потоа и теми кои ги сумираа и компарираа резултатите и успешноста во бројки на “Црниот Петок“ и “Сајбер Понеделникот“ изминативе неколку години.

Black Friday Marketing365

Иако верувам дека меѓу нашите читатели има голем број на оние кои овие термини “Црн Петок“ (Black Friday) и “Сајбер Понеделник“ (Cyber Monday) им се добро познати и точно знаат што означуваат, сепак имам и некој впечаток дека многумина и баш не го знаат точното значење на овие термини (што е разбирливо бидејќи овие термини не се користат во нашиот јазик), па еве денеска во најкратка можна форма би сакал да дадам едно објаснување на користењето на овие термини во адвертајзинг светот.

Пред да почнам да ги објаснувам двата термини, најважно е да кажеме дека овие два дена (Петок и Понеделник) се поврзани со најпопуларниот празник во САД и Канада, “Денот на благодарноста“ или Thanksgiving Day , односно тие се однесуваат за денот (Петокот) веднаш после “Денот на благодарноста“ (кој се слави на последниот Четврток од месец Ноември секоја година т.е. УТРЕ) и првиот нареден  Понеделник.

– “Црниот ПЕТОК” (или Black Friday) е термин во адвертајзингот кој ја означува шопинг треската проследена како почеток на Божиќната шопинг сезона. На овој ден, продавачите ги отвараат своите продавници многу рано, околу 3-4 часот наутро или уште порано и нудат различни промоции (најчесто големи попусти) кај своите производи.

Црниот Петок не е празник, но практика е, да многу работодавци овој ден, кој споменав е наредниот после најголемиот празник “Денот на благодарноста“, на своите вработени им го дадат како слободен, со што во суштина влијаат бројот на потенцијални купувачи во продавниците да се зголеми неколкукратно.

Откако се водат податоци за овој ден во бизнис светот ,тој се смета за најзафатен шопинг ден во годината, односно ден со најмногу купувања во продавниците ширум САД.

Еве едно видео како изгледаше Walmart на Црниот Петок пред две години:

Сајбер Понеделник” (или Cyber Monday) е термин кој во адвертајзинг светот го опишува Понеделникот после “Денот на благодарноста“ на кој компаниите ги убедуваат луѓето да пазаруваат online. Тоа “ги убедуваат“ го реков во смисла дека компаниите на овој ден стимулираат купување online со нудење на разно-разни поволности , вклучувајќи попусти, подароци и најразлични иновативни промоции.

Овој ден се смета како најплоден ден од година во година во историјата на online купувањето, и во континуитет бележи раст во бројките кои информираат за обемот на остварени online продажби.

Овој ден си доби свое име во адвертајзинг светот во 2005 година, кога беше објавено истражувањето на Shop.org , во кое 77% од online продавачите рекле дека Понеделникот веднаш после “Денот на благодарноста“ е денот во кој остваруваат убедливо најголем број на online продажби. Па така овој Понеделник денес е синоним за online шопинг лудило.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365