Home » Во фокусот » Што треба да знаете за односите со јавност и каде да го прочитате тоа?

Што треба да знаете за односите со јавност и каде да го прочитате тоа?

Постојат „прикаски“ дека теоријата е едно, а практиката во односите со јавноста е сосема нешто друго. Ако сте случајно од оние што се согласуваат со ова мислење на не така мал број PR практичари, веруваjте вие сте во голема заблуда. Се разбира, практикувањето на односите со јавноста има свои специфики, особено на „мал пазар“ како што е Македонија, но она што  основоположниците, теоритичарите и PR-гуруата го смислиле и поставиле како теорија е, според моето скромно мислење, задолжително четиво и патоказ каде треба да се движите, односно како да управувате со комуникацискиот процес и да ги практикувате ефективните односи со јавност. Од „океанот“ книги, истражувања и студии од оваа област, во оваа прилика составив кратка листа од задолжителна литература која лично ја  препорачувам за сите практичари од областа на односите со јавност без оглед на нивниот стаж во струката. Уживајте!

1. Cutlip and Center’s Effective Public Relations (10th edition).  Broom, G.M. (2009). Upper Saddle River, NJ: Pearson Prentice Hall.

Cutlip and Center’s Effective Public RelationsОва е десеттото  (обновено и проширено) издание од култната „библија“ за односи со јавноста на познатото трио Кaтлип, Центер и Брум, кои уште во далечната 1952 година успеаa да ја постават најдобрата дефиниција за односи со јавноста (PR), која и ден денеска е актуелна и ненадмината.  За квалитетот на оваа книга доволно зборува фактот што таа е основната задолжителна литература за подготовка на испитот за добивање акредитацијата што ја издава Американското здружение за односи со јавност (PRSA). Верзија од книгата може да се симне (бесплатно) преку овој линк:  http://ebookily.net/pdf/cutlip-and-center-effective-public-relations

2. Public Relations: Strategies and tactics (9th edition). Wilcox, D.L., & Cameron, G.T. (2005).  Boston: Allyn & Bacon

Public Relations- Strategies and tactics

Оваа книга е за сите оние што сметаат (и знаат) дека односите со јавноста не се сведуваат само на односи со медиуми, туку дека се управувачка функција за чие практикување неопходно е стратешко планирање и соодветни добро обмислени тактики. Книгата може да се симне преку овој линк: http://bookily.net/pdf/wilcox-cameron-public-relations-strategies-and-tactics

3. The IABC handbook of organizational communication (2nd edition). Gillis T.L., editor (2011).  San Francisco: John Wiley & Sons, Inc.

The IABC handbook of organizational communicationОваа збирка ги содржи теориите на најзначајните (најцитираните) автори од поново време од областа на маркетинг комуникациите. Уште од првите страници на збирката се гледа дека амбицијата на Меѓународната  асоцијација на бизнис комуникатори (IABC) е создаде еден вид прирачник за сите оние што сакаат да бидат успешни на полето на корпоративните комуникации. Ридерот е достапен (бесплатно) преку овој линк… http://www.scribd.com/doc/55078337/The-IABC-Handbook-of-Organizational-Communication-A-Guide-to-Internal-Communication-Public-Relations-Marketing-and-Leadership

4. The New Rules of Marketing & PR. Scott D.M. (2009). San Francisco: John Wiley & Sons, Inc.

The New Rules of Marketing & PRКога се појави оваа книга (првото издание беше отпечатени во 2006-та година) предизвика многу критики кај оние што се сметаа за припадници на т.н. класична школа. Но, книгата ги издржаа сите предизвици и станаа еден од најчитаните водилки за комуникацискиот менаџмент преку т.н. нови медиуми. Книгата не само што не ги негираше (иако амбицијата на авторот е несомнено таква), туку и во голем дел ги потврди основните теории на кој е измислен и почива ефективниот PR. Како загревање за книгата, прочитајте ги овие 22 „странички“ од истиот автор што бесплатно може да ги симнете од неговата web страница     http://www.davidmeermanscott.com/documents/New_Rules_of_PR.pdf

5. Crystallizing Public Opinion. Bernays, E.L. (1923) (reprint 2011). Brooklyn, New York: IG publishing

Crystallizing Public OpinionОваа книшка на „Таткото на односите со јавноста“ несомнено заслужува да се нарече ремек-дело, ако ништо друго, тогаш заради фактот што е актуелна скоро еден век од нејзиното излегување од печат. Ова е прва книга на Бернејз во кој тој за првпат ги поставува темелите на новата професија – советник за односи со јавноста. Задолжително четиво за сите, а особено за оние што сакаат да знаат зошто нашата професија не секогаш ја има посакуваната репутацијата во јавноста (а не би требало да е така, нели!?).

п.с. „Пиратска“ верзија од „книшката“ на Бернејз (со огромен предговор) може да се симне од оваа интернет адреса:  http://think.kinseydesigns.com/wp-content/uploads/2013/03/crystallizing-public-opinion.pdf

Автор Гоце Пачемски

Пачемски професионално е во односите со јавноста повеќе од една деценија. Магистер по комуникации со специјалност стратешкото планирање и управување со комуникациите…. и секако односи со медиуми. Од 2004-та е дел од тимот на ImagePR, прва специјализирана агенција за односи со јавност и комуникациски менаџмент во Македонија. Има искуство и како новинар, портпарол, колумнист…

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365