Home » Digital » Стрелка нагоре или надолу: Фејсбук го тестира оценувањето на коментарите

Стрелка нагоре или надолу: Фејсбук го тестира оценувањето на коментарите

Некои корисници на Фејсбук забележаа овие денови дека постои мала промена во во начинот на реагирање на коментарите на оваа социјална мрежа.

Покрај вообичаениот “лајк” и реакциите што се кријат зад него (Wow, Haha, итн.), се појавувила и нова опција – оценување на коментарите со кликнување на стрелка нагоре или стрелка надолу.

Ваквиот систем со upvote/downvote стрелка или thumbs up/down оценување е познат и од Reddit.

Претходно оваа година Фејсбук ја испита употребата на таквиот начин на реагирање и рангирање на коментарите на помал број на корисници. Ова е најблиску до она што некои долго време го заговараат: опција “Dislike“, која би била спротивност на “Like“.

За разлика од таквата опција, која би била вклучена во реакциите на објавите и коментарите, стрелките за нагоре и надолу засега, во рамките на тестирањето, се дозволени само за коментари, но не и за обичните статуси и фотографии објавени на Фејсбук.

Фејсбук сеуште не објави дали овој начин на оценување наскоро ќе биде достапен кај сите корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365