Home » Во фокусот » Супер-кул Instagram мини кампања на Скопскиот гитарски фестивал

Супер-кул Instagram мини кампања на Скопскиот гитарски фестивал

Скопскиот гитарски фестивал (Skopje Guitar Festival – SGF) е една супер иницијатива и топ настан кој ја поддржува македонската гитарска сцена. Фестивалот e составен од два дела – концертна платформа која нуди простор за креативно изразување на артистите од класичната, блуз, џез и рок сцената и едукативен дел со инспиративни музички работилници.

Во насока на промоција на овој фестивал кој допрва се пробива и има потреба од ширење на свесност за неговото постоење кај публиката, креативниот тим на Skopje Guitar Festival составен од Нино Илиевски и Ива Сливјановска реализираше една супер-кул мини кампања користејќи го Инстаграм и имајќи на располагање 0 ден. буџет :)

На Instagram корисниците сакавме на необичен начин да им пренесеме дека фестивалот постои, дека се залага за подобар “гитарски” свет т.е. музичка култура во РМ, и да ги заинтересираме да дознаат повеќе на веб страницата на истиот. Токму затоа…. додадовме “музика” на нивните фотографии “ – вели Нино Илиевски за Маркетинг365.

Skopje Guitar Festival -1

Лево: оригинална фотографија објавена од Инстаграм корисникот | Десно: модифицираната фотка-порака од Skopje Guitar Festival

Мини-кампањата се состоеше во креативно модифицирање на кориснички Instagram фотки кои потоа беа репостирани назад кон корисниците кои оригинално ја направиле фотографијата, со тагнување и соодветна порака.

Со ова, тимот на SGF на кул начин им “покажа“ на корисниците за што се залага Skopje Guitar Festival, и истовремено директно, на запамтлив начин им ја врежа информацијата дека фестивалот постои.

Skopje Guitar Festival ќе се одржи од 4 до 6 декември во МКЦ Скопје.  Фестивалот е непрофитен и влезот е бесплатен за сите посетители.

Целосната мини кампања можете да ја проследите на инстаграм профилот на фестивалот – https://instagram.com/skopje_guitar_festival/  , а во продолжение погледнете дел од сработеното од креативниот тим на фестивалот.

Skopje Guitar Festival - 2

Skopje Guitar Festival - 3

Skopje Guitar Festival - 4Skopje Guitar Festival - 5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365