battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Маркетинг & Адвертајзинг » Кога филмовите се повеќе од филмови

Кога филмовите се повеќе од филмови

Можете да купите Кларк Кент очила. Можете да јадете ист хамбургер како тој, да возите Dodge камион толку брзо колку што Супермен лета, можете да ги отстранете неговите посилни од челик влакна на брадата со помош на Gillette…

Последниот филм на Холивуд, посветен на Супермен, има повеќе од 100 промотивни партнери, 140 линии на лиценцирани производи. “Човекот од челик” е најмногу продаваниот филм ова лето, ако не и оваа година. Но, да го почекаме крајот на за да востановиме тоа.

Man of steel

Ова цело лансирање на производи би требало да му помогне на Холивуд да го крене своето банковно конто со пари кои што нема да дојдат само од гледањето филмови во театрите низ светот. Како што се повеќе и повеќе стануваме дел од глобалното село, доколку денес се промовира некој филм во Њу Јорк или Лондон, веќе утре можеме да го гледаме во Скопје како премиера (се надевам дека наскоро ќе има и секојднени проекции во кина низ цела Македонија).

Знаејќи дека на вакви филмски проекти се трошат милионски буџети, истите се дебело спонзорирани за да можат сите да имаат бенефит од можниот успех. А, сите вклучени се трудат да успее.

Warner Bros студиото, како и сите други студија кога станува збор за летни блокбастери, вложува голема сума на пари во светски рамки. Овие филмови скоро никогаш не се номинираат за Оскари, освен во некоја од техничките категории, но истите се cash cows.

Warner Bros се обидува да ги потсети луѓето дека Супермен е повеќе од Кристофер Рив. Warner Bros има направено промотивни договори во вредност од повеќе од  $ 170,000,000 со повеќе од 100 партнери, повеќе од било кој филм во последните неколку години.

Компаниите го гледаат својот интерес од создавање на профит преку рекламирање на секаков вид на пропратни работи што можат, но и не мора да имаат врска со примарниот производ. Брендирањето мора да ги опфаќа сите сектори.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365