Home » Во фокусот » Светската федерација на огласувачи и IAB Европа издадоа упатства и насоки за GDPR

Светската федерација на огласувачи и IAB Европа издадоа упатства и насоки за GDPR

Светската федерација на огласувачи (WFA) и Бирото за интерактивно огласување  (IAB Europe) издадоа два корисни документи за GDPR (Општата регулатива за заштита на податоците), кои треба да им послужат на агенциите како насоки и упатства

Светската федерација на огласувачи (WFA) во соработка со Здружението на холандски огласувачи, подготвија образец на Договор за обработка на податоци (Data Processing Agreement – DPA).

Целта на Договорот за обработка на податоци е заштита на брендовите од потпишување пристрасни договори кои се еднострани и ги изложуваат огласувачите на неправеден ризик. Овај договор е создаден во согласност со одредбите на GDPR, а идејата на овај образец е да биде прилагодлив на потребите на индивидуалните брендови и истовремено да ги предупреди за можните ризици.

Договорот за обработка на податоците можете да го пронајдете овде.

Членовите на групата за имплементација на GDPR во ИАБ Европа, под водство на Алан Чапел од Chappel & Associates, подготвија работен документ чија цел е да им помогне на компаниите да ги разберат дефинициите на контролорите и процесорите во онлајн огласувањето во рамките на GDPR и да обезбедат критериуми според кои полесно ќе ја разберат улогата на агенциите во однос на партнерите.

Ова е петти документ, објавен од страна на членовите на групата за имплементација на GDPR на IAB Европа, кој ги собира водечките стручњаци од областа на дигиталното огласување во расправата за новата регулатива на ЕУ за заштита на податоците–Општата уредба за заштита на податоците (GDPR). Групата за имплементација ги објавува најдобрите практики, донесува договори за заеднички интерпретации и ставови на индустријата во однос на најважните предизвици во секторот на дигитално огласување.

Работниот документ на ИАБ Европа можете да го пронајдете овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365