Home » Во фокусот » Светските дигитални трендови се следат само со инвестирање во квалитетни маркетинг професионалци !

Светските дигитални трендови се следат само со инвестирање во квалитетни маркетинг професионалци !

Пред извесно време информиравме за менаџерската смена во хрватската дигитална агенција Proximity, кога во нова генерална директорка беше промовирана Марина Чулиќ Фишер – која уште тогаш најави нови ветришта и инвестирање во човечкиот потенцијал на компанијата.

Во текот на вчерашниот ден, пријателите од Проксимити не информираа дека нивниот Оддел за менаџирање на содржина и друштвени мрежи има нов координатор во Наташа Благоевиќ, која во агенцијата е од 2012 година и лично беше задолжена за водење на социјалните мрежи на брендови како Адидас, Американ Експрес, Ауди, Дукат, Шкода и др.

Natasa Blagojevic

Наташа Благоевиќ

Дека работата одлично си ја завршила покажува и SocialBakers извештајот за Јануари 2014, кој покажува дека страницата Ауди Хрватска е најуспешна фан страна во однос на интеракцијата на фановите на поединечните објави (average post engagement rate).

Во одделот кој сега ќе го менаџира Наташа, од неодамна се придружи и Тања Џидо, која е дипломец на Факултетот за политички науки на универзитетот во Загреб и дополнително се усовршувала на Google Digital Академијата, на Првата школа за маркетинг и реклама, Во центарот за бизнис перфекција и на Универзитетот од Пенсилванија.

 Извршната директорја Фишер, по повод новите промени во агенцијата изјави: “Според истражувањата на Форбс магазинот, управувањето со содржина (content marketing) ќе ја одбележи комуникациската индустрија во 2014 година и ние едноставно мора да бидеме спремни за тоа. Нашиот оддел за менаџирање со содржината и социјални мрежи постои веќе извесен период и ние сега одлучивме истиот значајно да го прошириме и унапредиме бидејќи тоа го бараат и нашите клиенти и пазарот. Глобалниот тренд т.н. transmedia storytelling, диктира произведување на содржина која може да се дистрибуира на сите дигитални платформи, која мора да има конзистентна порака и континуирано да ја оддржува комуникацијата со публиката – стварајќи единствено чуство на забава, како би била релевантна на денешната хипер-поврзана генерација. Многу јасно, за продукцијата на таква содржина мора да имате силен и релевантен тим

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365