Home » Во фокусот » Светските ѕвезди од маркетинг и адвертајзинг индустријата доаѓаат во Порторож

Светските ѕвезди од маркетинг и адвертајзинг индустријата доаѓаат во Порторож

Дел од светски најпознатите маркетинг професионалци, кои сме имале прилика да ги слушаме само на најголемите фестивали ширум светот, кон крајот на месец март доаѓаат близу…. во Порторож, Словенија.

Оваа година, по прв пат во историјата, Словенскиот огласувачки фестивал (СОФ) (ЛИНК), најважниот и најголемиот годишен настан од областа на маркетинг и адвертајзинг индустријата во Словенија, ја отвара својата врата за делегатите од регионот.             

Оваа година СОФ ќе биде одржан од 26 до 28 март во космополитскиот град Порторож.

Slovenski Oglasuvacki Forum

Во текот на трите фестивалски денови, посетителите ќе имаат прилика да ги слушнат дел од најпознатите светски професионалци. Оваа година, Словенскиот огласувачки фестивал е дефинитивно настан кој не смеете да го пропуштете.

Професионалци од Токио, Сан Франциско, Лондон, Антверп…

Во текот на трите фестивалски денови, делегатите ќе имаат прилика да слушнат предавачи од целиот свет, како Kentaro Kimura и Geoffrey Hantson.

 Kentaro Kimura  е извршен креативен директор и соосновач на компанијата Hakuhodo Kettle од Токио, која има освоено 13 лавови на минатогодишниот Кански фестивал.

Во Кан, Kentaro Kimura ја освои публиката со своето предавање под наслов “1+1=3: Формула за креативни алхемичари “.

Geoffrey Hantson е извршен креативен директор во компанијата Duval Guillaume Modem со седиште во Антверпен (Белгија) од 2006 година. Од таа година, агенцијата има добиено бројни Гранд При награди, златни и сребрени признанија на сите големи светски фестивали (Cannes, Eurobest, Clio, One Show…). Во изминативе две години, оваа агенција успеа да освои 25 кански лавови, од кои 11 златни, а прогласени се и за агенција на годината во категоријата медиуми.

Освен овие два светски професионалци, учесниците на фестивалот ќе имаат прилика да го слушнат и Claudia Navarro, менаџер за маркетинг и комуникации за Централна и Јужна Европа во компанијата Coca-Cola, којa меѓу останатото, e задолженa и за градење на маркетинг стратегија за сите клучни брендови на компанијата во 23 земји од регионот.

На учесниците на 23 по ред СОФ, ќе им се претстави и dr. Ian Sutherland, заменик декан за истражување и шеф на докторските студии на IEDC – Бледска школа за менаџмент, чија работа е насочена на управување креативни и стратешки процеси и развој на креативноста, заснован на лидерство, но и dr. Christophera Engla, генерален директор на компанијата Brand: Trust и професионалец за брендирање и маркетинг на туристичките агенции, чиј проект “Südtirol umbrella brand” е препознат како пример за добра пракса во светот. На овогодишниот СОФ, предавање ќе одржи и Lazar Džamić, директор за стратешко планирање во компанијата Kitcatt Nohr Digitas, кој е еден од најискусните дигитални стратези во Велика Британија.

Тема: Нови односи во маркетингот и адвертајзингот

 Тема на овогодинешниот фестивал ќе биде Нови односи во маркетинг и адвертајзинг индустријата”.

Barbara Modic, претседателката на Фестивалот и директор на агенцијата Пристоп Медија во оснос на тоа што не очекува на фестивалот изјави: “ Движечката сила во нашата индустрија се менува. Резултатите во работењето и комуникациите можат да се остварат ако постои искрен однос меѓу брендовите и потрошувачите, меѓу оние кои преземаат ризик и оние кои се претпазливи, меѓу новите технологии и вистинските креативности. Затоа во текот на конференцијата ќе го поставиме прашањето- каква е денес поврзаноста меѓу брендовите и потрошувачите, кој е односот меѓу креативноста и ефикасноста, како можеме да изградиме успешна комуникација на тимовите, дали употребата на технологијата го гарантира успехот или добрата приказна има поголем ефект

Специјална понуда за делегатите од регионот

 Словенската огласувачка комора, које е организатор на Фестивалот, има подготвено специјална понуда за учесниците од регионот. За повеќе информации, Ве молиме да се обратите на  e-mail адреста sof@soz.si  или на следниов телефонски број: +386 1 439 60 50.

Подетални информации за фестивалот на www.sof.si/en.

Маркетинг365 е горд медиумски покровител на SOF 2014.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365