Home » Во фокусот » T-Mobile е најпосакуваната македонска компанија за вработување

T-Mobile е најпосакуваната македонска компанија за вработување

Според истражувањето кое го направи најрелевантниот медиум за студенти во Македонија, Факултети.мк , после спроведената анкета врз речиси 3000 млади луѓе, телекомуникацискиот оператор T-Mobile е препознаен како најпосакувана дестинација за нивната кариера.

tmobile macedonia

На прашањето “Дали би сакале да работите во приватна компанија или во државна администрација?“ , одговорите се поделени. Речиси половината од анкетираните, односно, 48% сакаат да работат во државна администрација, наспроти 52% кои сакаат да работат во приватни компании.

Во однос на изборот за вработување во приватните компании, на испитаниците им беше овозможено да избираат помеѓу 200-те најуспешни компании за 2012 година.

Целосната листа на топ 20 најпосакувани дестинации за вработување, можете да ја видите на следниов ЛИНК, а сега во продолжение топ 5 компаниите кои кај младите имаат развиено имиџ на најдобри работни средини:

1. T-Mobile одбран од 11% од испитаниците,

2. Алкалоид – 10%

3. T-home – 7%

4. Пивара Скопје – 5%

5. Мепсо – 5%

Анкетата е направена online и беше спроведена во период од две недели во месец Октомври 2013 год.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365