Home » Во фокусот » Тајниот рецепт на KFC се крие во тоа – кого брендот следи на Твитер

Тајниот рецепт на KFC се крие во тоа – кого брендот следи на Твитер

Овај ланец на ресторани за брза храна на Твитер следи точно 11 личности, петте членови на групата Spice Girls, и шест лица кои се викаат Herb

Доколку го проверите профилот на KFC на Твитер, ќе видите дека овај ланец следи шест мажи со име Herb, и пет жени кои ја сочинуваа групата Spice Girls. За тоа кого следи некој бренд на Твитер обично не е вредно да се направи вест, но овај ланец на ресторани за брза храна кој е познат по својот рецепт за пржено пилешко јадење со 11 билки и зачини (на англиски herbs and spices), најде забавен и малку чуден начин да го направи тоа вредно за внимание.

Корисникот на Твитер @edgette22 забалежа што се случува со Твитерот на KFC, а неговиот твит набрзо стана вирален.

Се испостави дека тоа е токму она што KFC и нивната креативна агенција Wieden + Kennedy се надеваа дека ќе се случи.

Го поставивме ова на Твитер пред повеќе од еден месец“, изјави Фреди Пауел, креативен директор во Wieden + Kennedy. „Искрено, не бевме сигурни дали некој ќе го пронајде. Понекогаш едноставно морате да ги фрлите работите во универзумот и да се надевате дека интернетот ќе ја направи својата магија.“

Во моментот кога го читате ова, овај твит веќе има преку 300,000 ретвитови и 700,000 допаѓања.

Изјавата од KFC по овај повод е малку поразиграна од онаа на креативната агенција: „Нашата визба се чистеше, па мислев дека е најдобро да го скријам тајниот рецепт на Твитер,“ изјави Бентли МекБентсон, менаџер за дигитален маркетинг за KFC US. „Мислев дека никој не гледа кого следиме. Многу се зафркнав.Направив огромна грешка.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365